Комити се мобилизираат: Тактизирањето со Саздо ужасно фрустрира – Да ги нацртаме линиите на самоодбрана на нашето достоинство и татковина

0
154

„МОБИЛИЗАЦИЈА!!! Сите Комитски екипи на Собир во чест на Саздо! Ги цртаме заедно новите црвено-црни линии, и поставуваме нови граници кои не смеат да се преминат.

Тактизирањето со Саздо ужасно фрустрира, и веќе по обичај истото е на наша и уште повеќе на штета на правдата! Човечкиот живот е многу повеќе од само еден глас на избори, но како да објасниш на оние кои своите деца ги праќаат далеку на безбедно за другите бидат на браникот…

Тие не ја чувствуваат болката, до нив не допираат последиците на нивните (не)дела и затоа оваа национална трагедија за нив е само нешто што се случува далеку и што не ги засега.

На денешен ден во 2001 година во Тетово започна нешто што за многумина беше војна, наметната однадвор токму од оние сили кон кои се стремиме да се придружиме за да ни го зададат завршниот удар. Оние деца кои се родија на тој ден, 14 Март 2001 год. денес стануваат полнолетни, идеата за распад на Македонија преку де-факто Федерализација и странска окупација во соработка со домашните клиентелисти и колаборанти денес созрева, се случува кулуминацијата на изумирање на една со божемно раѓање на друга творевина. Творевина која никогаш нема да ја признаеме!

Од друга страна 16.03.1997-ма е датум симбол за нашиот непокор, на овој ден на еден феудален деспод позади кој стоеше цела државна апаратура, му застанавме на патот и му кажавме СТОП, истрајни бевме и победивме!

Затоа дојдете во Сабота, 16.03 заедно да ги нацртаме линиите на самоодбрана на нашето достоинство и татковина. Повторно ќе победиме!

Ако нема слобода има смрт!
#Мобилизација #ЦрвеноЦрнаРеволуција #ХероитеЖивеатВечно#ПравдаЗаСаздо“

Фејсбук објава на навивачката група „Комити“

Коментирај