Комити со повик за одбрана на татковината: Вечерва во 20.00ч сите пред Собрание – ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ РАБОТИ!

0
373

Навивачката група „Комити“ ги повикаа граѓаните на (сеуште) Република Македонија на протестен собир вечерва од 20.00 часот пред Собранието на Република Македонија и порачаа „Нашата револуција нема боја има име, а име и е Македонија!“

Двата повика од Комити објавени на Фејсбук ги пренесуваме интегрално

Почитувани граѓани на Република Македонија, во овие тешки моменти за нашата татковина Македонија, која е жестоко нападната од внатрешни квинслизни и странски агресори, кои со сила и геноцидни методи сакаат да ни го сменат; идентитетот, нацијата, јазикот, историјата…

Ве, повикуваме да ги оставите: вашите клубски обележја, партиските книшки, меѓусебните проблеми, заборавете на разликите помеѓу Вас. Ве повикува вашата Македонија да ја одбраните. Соберете ги вашите родители, браќа, сестри, роднини, пријатели. Дојдете денес пред Собранието на Република Македонија – да покажеме дека идеалот за слобода се уште живее во нашите срца.

Протестен собир: Собрание на Република Македонија, 20:00 часот.
Нашата револуција нема боја има име, а име и е Македонија!!!

Ве повикуваме на масовна излезеност! Временските услови нема да не одвратат, ниту да не поколебаат од намерата да си ја браниме татковината. Во 20.00ч Сите пред собрание за Македонија!!

Коментирај