Комити со почит кон Горан Стефановски: „СЛОБОДАТА ЌЕ ДОЈДЕ КОГА НИЕ ЌЕ ГО НАДМИНЕМЕ СТРАВОТ“

0
142

Навивачката група „Комити“ преку својотата Фејсбук страница објави фотографија од натпреварот на Вардар против Академија Пандев во Турново каде што држат транспарент со цитат од Горан Стефановски, искажувајќи почит кон еден од најголемите македонски драматурзи во историјата, кој неодамна почина.

Истакнувајќи го добро познатиот цитат од драмата „Диво месо“ на академик Горан Стефановски, вардаровите навивачи порачаа: „Слободата ќе дојде кога ние ќе го надминеме стравот“.

„Еднаш се заколнавме дека ќе бидеш обединета, секој еден од нас со целувањето на кубурот и камата даде свет завет за одбрана на твојата слобода и чест…

На овој ден денешен, едни неразбрани трговци и души продадени се обидоа да го сменат твоето име, а ние повторно ти се колнеме, Твоето име е свето, твоето име е едно и единствено, си била и секогаш ќе бидеш МАКЕДОНИЈА !!!

А стравот ко страв, тој е наш пријател, секогаш не потсетува дека со нашите постапки можеби ќе настрадаме, но ние повторно продолжуваме…

Ќе страдаме, но не се предаваме!
#МакедонијаНаМакедонците #ЕдноИмеИмаме #ДаЖивееВардарИМакедонија“

Фејсбук објава на „Комити“

Коментирај