Комити: Нека Македонското сонце на 26-ти Март го осветли Плоштадот Македонија, а потоа и Градскиот стадион во Скопје

0
267

Продолжуваме уште посилни! Кон заедничката иницијатива активно се приклучија и Прилеп, Струмица, Неготино, Гевгелија, Валандово, Виница… Цела Македонија е на нозе за овој историски натпревар.

Нека Македонското сонце на 26-ти Март го осветли Плоштадот Македонија, а потоа и Градскиот стадион во Скопје. Нека ги згрее срцата на сите присутни. Нека даде силен импулс нашата поддршка да биде најгласна и најсилна, за моралот кај нашите репрезентативци биде на највисоко ниво. Нека не направат горди со својата пожртвуваност, радосни со еден триумф, кој ќе ни даде право да се надеваме на пласман на Европско првенство…

Придружете ни се и вие на Плоштадот Македонија, а потоа и на големиот навивачки марш низ улиците на Скопје, се до Западната трибина!

СИТЕ ВО ЦРНО! За Македонија Единствени! #МнМ #СекојГрадИСелоЕМакедонија

Фејсбук објава на навивачката група Комити

Коментирај