Комити: Држете се Македонци, ние сме осудени, но и привилегирани истовремено да браниме нешто големо, ИМЕТО, кое ни го одземаат…

0
313

Како ние Македонците знаеме да исткаеме зборови, како најискусни везилки. Милозвучноста и посебноста на Македонскиот јазик, извезени од срцето, инспирирани од љубовта кон домот свој, но и од маката и болката… умеат и од црната темнина и тежина, да креираат проста и строга Македонска песна…

Држете се Македонци, нападнати од повеќе страни, пред очите на Вавилонската к Европа, која гледа, се смешка и се сити на болките и страданијата на нашата мајка Македонија. Држете се затоа што сме осудени, но и привилегирани истовремено да браниме нешто големо, ИМЕТО, кое ни го одземаат…

Немаме вистински пријатели ни сојузници, но и немаме нормален и достоинствен избор како алтернатива на борбата… Македонија на Македонците! #ВоБорба #МакедонскиНароде

Фејсбук објава на навивачката група Комити кои споделија фотографија од трибините во кои се наоѓаат транспаренти со стихови од песната Везилка на Блаже Конески: „Два конца парај од срцето, драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави таги, другиот копнеж и светол и стрвен“

Коментирај