Коментаторот кој го засака цела Македонија, се врати кај нас: Со бремената сопруга ужива во Охрид (ФОТО)

0
1404

Еден од двајцата коментатори од Арена во кои се вљуби македонската публика, поради фактот што жeстоко го бодреа РК Вардар во Лигата на шампиони повторно се врати во Македонија.

Стеван Стевановиќ на Фејсбук објави селфи фотографија со пијалак од плажа во Охрид и напиша: „Последен ден на плажата Оревче во Охрид“

Komentator-Arena-Ohrid-1

Тој исто така пред некој ден преку својот Фејсбук профил сподели фотографија од македонскиот бисер Охрид, поточно од манастирот Свети Наум и откри мала тајна. Токму тука на Свети Наум, Стевановиќ ја побарал за жена својата сегашна сопруга, Вања. Во описот на фотографијата стои: „Се вративме на местото на веридбата, но сега сме уште посилни“ (со ова алудира на тоа дека неговата сопруга е бремена, што се гледа од објавеното фото)

Komentator-Arena-Ohrid-2

Но, покрај со својата сопруга, Стеван објави фотографија од прекрасниот Охрид и со својата сестра Слаѓана, на која и двајцата се очигледно пресречни, а во описот на Фејсбук напишал: „Се вративме во детството“

Komentator-Arena-Ohrid-3

Коментирај