Комедија од дипломатија: Наместо на Холандија, Жерновски се заблагодари со знамето на Јемен

0
943

Го сменила Холандија името или не, нам ништо не ни менува. И онака нашата комедија од дипломатија и очаен протокол нема да ја сменат навиката да ги навредуваат другите држави во светот. Се почна од посетата на австрискиот канцелар Сепабстијан Курц и од австриското знаме и никако да запре.

Zernovski-utnato-zname

Пред малку, последен, се изрезили заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски. Сакајќи да ги следи модните трендови на социјалните мрежи, наместо со зборови, се обиде со сликиќки да ѝ се заблагодари на Холандија што го ратификувала протоколот за НАТО. И ја утна работата. Но, ја утна до толку што иако половина час подоцна му сугерираа дека знамето е на Јемен, а не на Холандија, и час по објавата дипломатот не извршил исправка. Можеби е убеден дека е во право. Кој знае…

Сепак, откако беше објавена оваа негова грешка, Жерновски после два неуспешни обиди, од „трета мајка“ успеал да го стави вистинското знаме – Холандското.

IMG_20191112_181014_124

Кога ќе се соберат и одземат дипломатските навреди што од ракав му ги тресеме на светот, не само што не треба да не чуди што Европа не не сфаќа сериозно, туку треба да не радува што се уште не не избркале од ОН. За уши и на клоци. Зашто власта ни е срам за дома, а навреда за надвор.

Коментирај