Комбуха: Зошто газираниот ферментиран чај е најважната работа во велнесот

0
238

Ферменираниот газиран пијалак, кој има вкус како сок од кисели краставички стана голем „велнес’ тренд – но дали нешто што вака звучи може да биде толку добро?

Комбухата го почнува својот живот како вид на желе. Наречена “бессмртен еликсир на здравјето” од страна на Кинезите, кои ја пијат со векови, таа е технички ферментиран зелен или црн чај, кој има вкус како сладок оцет.

Гвинет Полтроу и Рис Витерспун ја сакаат, а очигледно, комбухата сега е популарна меѓу хипстерите и посветените на здрава исхрана, кои се заколнати поддржувачи на варењето со помош на природни бактерии и квасни габи.

Постојат речиси 690,000 постови кои го имаат тагирано зборот kombucha на Инстаграм, или пак, домашно направени верзии на пијалокот.

Комбухата засега не е достапна поширко (познатиот ланец Старбакс ја нема на менито….сè уште), но, има многу благородни и скапи сорти во фрижидерите на азиските супермаркети за здрава храна.

Комбухата исто така можета да ја направите сами дома, но, времето на пиење е тешко да се одреди прецизно.

Натуропатот Енид Тејкор, која специјализирала здрава храна и има напишано книга со наслов „Кефир, малото чудо на природате е забавно“ (Kefir, Nature’s Little Miracle, is a fan), вели: „Оцентата киселина која се содржи во комбухата помага во варењето. Како што старееме, нивото на оваа киселина во нашиот дигестивен систем се намалува и станува се потешко да вариме некои типови на храна. Пиењето комбуха пред самиот оброк може да ви помогне да го подигнете нивото на киселост во стомакот, со што ќе имате и подобро варење.“

Според неа, комбухата помага и во стерилизација на стомакот, т.е. овозможува корисните бактерии да не излегуваат од дигестивниот тракт, туку да останат во него. Оваа габа исто содржи милиони пловечки клетки кои се пробиотички и се здрави за организмот.

За некои нејзини други чудотворни дејства, Тејкор вели дека е тешко да се најдат какви било докази дека комбухата помага во лечењето рак или други сериозни заболувања.

Нутриционситката Шарон Палмер пак тврди дека на комбухата морате да и пријдете многу внимателно. Има и нус појави како што се стомачна вознемирност, инфекции, па дури и смрт.

Нејзината колешка Џули Силвер смета дека мора да сме внимателни со природно-ферментираните пијалоци, бидејќи нивната прекумерна употреба може да доведе до надуеност и гасови. Таа преферира други ферментирани продукти, базирани на зеленчук и на мисо.

www.hybread.mk

loading...

Коментирај