Командант Вентили најдобро го знае духот на Охридскиот договор

0
174

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи вели дека Садула Дураку е искусен политичар кој е носител на институционалната и политичка меморија на ДУИ. ДУИ прави интересен мозаик на искуство и млада енергија што испорачува резултати, изјави денеска вицепремирот за европски прашања Бујар Османи.

За министерот за екологија кој во јавноста дал само една изјава, дека „не се бави со граѓаните“ и тоа за време кога земјата уриваше рекорди по загадувањето, Османи вели:

Улогата на Дураку е да го трансформира Секретаријатот за рамковен договор во Министерство за политички систем. Имајќи предвид дека тој е дел од учесниците на подготвување на рамковниот договор нема човек кој подобро го знае духот на Охридскиот рамковен договор, рече денеска Османи.

Извор:република.мк

Коментирај