Колумна на Тодор Петров: ВЛАДАТА ВО РЕФЕРЕНДУМСКО БУНИЛО

0
366

Според членот 120 од Уставот, Одлуката за членство на Македонија во ЕУ и НАТО ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство (80) гласови од вкупниот број пратеници (120). Одлуката е усвоена, ако на референдум, мнозинството (900.001) од вкупниот број избирачи (1.800.000) гласало ЗА!

Во безуспешниот обид да обезбеди цензус на неуставниот и незаконски референдум, а наведувајќи го народот да гласа за Спогодбата Димитров-Коѕиас која патем е кривично дело велепредавство, како алиби да се спасат од доживотен затвор во Идризово со конфискација на имотот на семејствиото дома и во светот, Владата вели: “Спогодбата Димитров-Коѕиас ќе се смета за поништена, само ако мнозинството избирачи на референдумот гласаат ПРОТИВ. За Владата бојкот значи воздржан, а воздржаните не се бројат како против!“

Кажаа и останаа живи! Се разбира, оваа лага на Владата е грешка во чекори!

Прво, Спогодбата Димитров-Коѕиас не е ратификувана во согласност со Уставот и не е дел од внатрешниот правен поредок на земјата!

Второ, Одлуката на референдумот стапува во сила ако мнозинството (900.001) од вкупниот број (1.800.000) запишани избирачи гласаат ЗА! Ако на референдумот нема мнозинство од вкупниот број запишани избирачи кои истовремено треба да гласаат ЗА, Договорот Димитров-Коѕиас повеќе не важи! Тоа значи и: Неотповиклива оставка на Владата и распуштање на Собранието!

Истовремено, Владата да не заборава дека референдум за исто прашање не може да се повтори пред истекот на рокот од две години од денот на одржаниот референдум!

Алооо, јасно ли ви е, или уште сте во бунило?

Пишува: Тодор Петров

Коментирај