Колумна на Тодор Петров: РАДИКАЛИЗАМ ВО ПРОГРЕСИЈА

0
593

Кај Албанците во Македонија иманентен е радикализмот во прогресија. Ај ќе кажеме, не кај сите, ама кај тие на јавната сцена… Меѓу нив нема леви и десни и вечни, повеќето се марксисти-ленинисти, наследници на балистите од Втората Светска Војна, соработници на италијанските фашисти и германските нацисти. И секогаш има нови лица. Кај нив важи правилото, после секоја добиена битка, се менува генералот, да се амортизира гневот од незадоволниците. Нема кому да биде упатена критиката, бидејќи фацата не е повеќе дел од естаблишментот… Колку за потсетување, беа ПДП “исчезнаа”, па дојде ДПА “се маргинализираа”, па дојде ДУИ се преполовија евидентно губат, па доаѓа БЕСА, Зијадин Села… Сите имаат иста цел: Голема Албанија… Само Македонците трчаат де по едните де по другите, се лажат ко лисицата по кочот, а тука ќе му паднат, а таму ќе му паднат, ама тие висат не паѓаат… Оче наш им е “Призренската лига” која патем не била албанска, колку што Ѓорѓија Кастриот Искендер бил “Албанец и муслиман” закопан како православен во црква во Кроја, своевремено барал сојуз со Папата против Султанот и исламизацијата на Албанија… Оче наш им е терористичката организација Бали комбтар, формирана во 1939 година, која се борела за наци-фашистичката креација “Голема Албанија”. Вршела етничко чистење во западниот дел на Република Македонија… Зад себе оставиле само насилство и терор… Илјадници Македонци масакрирани, од родните огништа трајно протерани… Да не се запрашал некој од каде “Дебар Маало” во центарот на Скопје, а Дебар е накај Бигорскиот манастир и Маврово?

Неизбежна е суровата вистина дека “Голема Албанија”, за жал, не се создава со демократија, туку со етничко чистење на просторот, со класичен геноцид врз домородните, врз Македонците… Така ја водеше терористичката ОНА и војната во 2001 година… Нивните комуникеа беа “ослободување на албанската земја во Македонија од славо-македонските окупатори”… И прогласуваа “слободни територии”… Подоцна, по сугестија на Калето и Бонд Стил, НАТО прогласените терористи конвертираа во “борци за слобода” со извршени воени злосторства за кои нашите ги амнестираа и денес се власт во Македонија…

Во тоа секако најважна е индоктринацијата… Имало партизани и Албанци и во Македонија во Втората Светска Војна, ама денес во селата и градовите со Албанци не се градат нивни бисти, туку на албанските балисти… Комунистичката партија на Албанија им објавува војна на балистите во Албанија и започнува граѓанска војна меѓу комунистите и балистите. Во Албанија победуваат комунистите. Во Македонија последните битки со балистите ги води Егејската бригада, Армијата. И покрај поразот на балистите, денес ДУИ, ДПА, БЕСА, Алијанса за Албанците велат: Врз Албанците во Македонија е извршен геноцид. Еурека! Зоран Заев додава “А што има лошо ако за тоа расправаме во Собранието”… Заборава дека таа расправа треба да се води против партизаните во Македонија… За Албанците, партизаните Македонците извршиле геноцид врз балистите во Македонија во Втората Светска Војна… Ама, за Тито Петковски и фашистите да се во Собранието, и тоа е демократија…

Се сеќавам на Хисни Шаќири, пратеник од ПДП во првото повеќепартиско Собрание 1990-1994 година, уште тогаш не’ засмејуваше со неговата “албанска историја”, дека Адам и Ева биле Албанци кои Господ ги создал во Липково, таму бил рајот. Во 2001 година од пратеник се одметна во терористичката ОНА… Толку од неговата “албанска историја”… Ама човекот си обезбеди место “херој” во најновата албанска историја во Македонија…

Веби Џемаили, исто така пратеник од ПДП во првото повеќепартиско Собрание, професор по историја, едно време а може и денес претседател на Здружението на Албанците историчари во Македонија, за да ја објасни генезата на “Албанскиот народ” во Албанија, бидејќи мнозинството се Мијаци по потекло односно Македонци, и тогаш и денес вели “Мијаците во Македонија се словенизирани Албанци”. Денес држи предавања, дека Скопје пред Балканските војни го ослободиле Албанците, а Македонците се Срби и Бугари… Ги труе со шарлатанска историја младите генерации Албанци, дека Македонија е албанска земја а Македонците се дојдени од зад Карпатите и таму пак треба да се вратат, Македонија треба тие да ја наследат…

Ештреф Алиу пратеник во првото повеќепартиско Собрание од ПДП и тогаш, а сега и другите по него, велеше “Македонија може да биде унитарна држава само во други граници”. Бараше дводомно Собрание, Дом на народите и Дом на граѓаните. Денес тоа го бара Зоран Заев…

Главни “аналитичари” од времето на ПДП од првото повеќепартиско Собрание на Македонија, денес се Насер Зибери, Исмет Рамадани претседател на Евро-Атлантскиот совет на Македонија, Мухамед Халили амбасадор на Македонија прославен бидејќи ги турна микрофоните на независниот пратеник Тодор Петров…

ПДП беше нуклеусот на “Првата Албанска паравојска на Балканот во Македонија” чиј началник на генералштабот беше генералниот секретар на ПДП Митхат Емини, инаку Македонец по потекло муслиман по вероисповед. Ја украдоа евиденцијата од АРМ на воените обврзници Албанци, се спремаа за војна, за држава во држава… ПДП беше нуклеусот на референдумот за “политичко територијалната автономија на Албанците во Македонија – Илирида” од 11 и 12 јануари 1992 година. Талат Џафери, актуелен предлог за претседател на Собранието од СДСМ, отворено се заканува ако не се во власта ќе го активираат референдумот за Илирида, како што Зијадин Села се заканува со формирање на Албанско Собрание во Македонија… Да, прво беше ОНА, па Талат Џафери заменик министер за одбрана во времето на коалицијата СДСМ-ДУИ, па министер за одбрана во времето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ, па сега актуелен предлог за претседател на Собранието од неофицијализираната коалиција СДСМ-ДУИ, со образложение “има богато искуство”… а го знаеме сите и него и искуството негово…

И после се’, останува наградното прашање, со која програма и проекти СДСМ ја доби довербата од Албанците и стана втора по ДУИ најголема албанска партија во Македонија? Како успеа СДСМ во најголемите упоришта на ОНА да ја победи ДУИ – конвертираната ОНА? Има уште наивни кои веруваат дека Зоран Заев им вети изградба на фекална канализација, водовод, патишта и школи, та гласаа за него?Или уште се прашувате која програма ќе ја спроведува Зоран Заев? Па почна со двојазичноста, дводомен парламент, резолуција за осуда на геноцидот на Албанците во Македонија од 1912-1956 година… За да не биде нејасно, алиби не е и не може да биде, па и ВМРО-ДПМНЕ им го нудеа истото… Алиби за криминал не може да биде па и другите го правеа тоа… Ама, Македонија и се’ е можно…

Пишува: Тодор Петров

Коментирај