Колумна на Тодор Петров: НИТУ ЕДИНСТВО НИТУ ДОСТОИНСТВО

0
1201

Во Македонија одамна не постои единство по националните прашања. Покрај политичката криза во Македонија, меѓу Македонците постои и морална криза по името на државата и идентитетот на нацијата!

За жал, политичките елити немаат ни национално достоинство. Да го имаа, одамна ќе ставеа крај на разговорите за разликата за името на државата и идентитетот на нацијата! Ама тие, не само што разговараат за разликата за името, тие договараат промена на името на државата Македонија. А, промената на името на државата по автоматизам значи промена на идентитетот на нацијата – Името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик! Затоа што по меѓународно право името на државата е идентитетот на нацијата, името на нацијата е нераскинливо поврзано со името на државата!

Го мафтосуваат Македонскиот народ, жеден да го пренесат преку вода, процедурално да му го сменат името, да ја задржат сервилноста кон Брисел и Стразбур за мандат со државата Македонија без доверба од сопствениот електорат – Македонскиот народ, од сите што ја сакаат Македонија!

Како велеа СДСМ во државниот терор да ги одвратат избирачите од правото на глас на референдумот за територијалната организација на локалната самоуорава на 7 ноември 2004 година: “Некои прашања не заслужуваат одговор!”

И токму така, не заслужува разговор барањето на Атина за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Затоа, со сите сили, градете го единството и ширете го кригот со сите, во секое време и на секое место, со отпорот против промената на името на државата и идентитетот на нацијата, да вратиме силен удар на Блудницата Вавилонска: НЕ во ЕУ! НЕ во НАТО! За навек!

Пишува: Тодор Петров

Коментирај