Колумна на Тодор Петров: МАКЕДОНИЈА НАСПРОТИ СЕВЕРНИОТ КОШМАР!

0
632

Има една апсолутна вистина која сите мора да ја знаат: И покрај сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и светот, само Македонија е нашиот единствен зеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно не постоиме!

Но, има и една друга горчлива реалност: Единствен заеднички именител и единствен заеднички содржател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е “северна Македонија” поради ЕУ и НАТО! Ако не беше така, одамна ќе кажеа НЕ на “северна” и немаше да биде вака! Но, сите тие се свесни, дека без “северна Македонија”, со македонска историја, со македонска култура, со Македонски народ и со Македонски јазик, Европска Унија и НАТО – НЕМА! Е, има идиоти во власта и желни за власт, кои трчат по Брисел и Стразбур ко лисицата по кочот, се лажат по морковот и стапот, кои веруваат и кога се лажат, мислат дека им веруваме и кога не’ лажат, дека времето работи за нив, па еден ден силно сонце ќе светне и за нас, ама нивното време одамна заврши, затоа што ја изгубија или ја губат довербата од граѓаните и народот.

Затоа, неуставните и незаконските, нелегитимните и марионетите Џафери, Заев и Пендаровски, за кои Уставниот, Управниот и Врховниот суд не решаваат, судовите и обвинителството молчат …

И покрај се’ и после се’, за сите нас и за светот, останува Македонија, само Македонија и ништо друго освен Македонија!

И покрај се’ и после се’, остануваат Македонците, само Македонците и ништо друго освен Македонците!

И покрај се’ и после се’, останува Македонскиот јазик, само Македонскиот јазик и ништо друго освен Македонскиот јазик!

А, премиерот, министрите и пратениците кои гласаа за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, кога и да е, ќе одговараат со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на членовите на семејството дома и во светот, за најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува… Ќе мора да ги надоместат сите трошоци од буџетот направени за промена на името и идентитетот во јавната и државната администрација, во сите датотеки и архиви, во сите јавни и државни установи, претпријатија, служби, органи, организации и на сите јавни површини …

Предавството не е демократија, а овој кошмар на општеството и државата, срам и понижување на Македонскиот народ пред светот, еден ден мора да заврши!

Договорот Зaeв-Борисов од 1 август 2017 година е во спротивност со домашното и меѓународното право затоа што врши ревизија на македонската историја и претставува грубо мешање на Софија во внатрешните работи на Македонија и флагрантно кршење на меѓународното право!

Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година не е ратификувана во согласност со Уставот и не е дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија! Спогодбата Димитров-Коѕиас е во спротивност со домашното и меѓународното право и затоа е ништовна! Спогодбата Димитров-Коѕиас: (1) не е склучена од претседателот на Републиката, туку од министерот за надворешни работи без активна легитимација, (2) указот за прогласување на Законот за нејзина ратификација не е потпишан од претседателот на Републиката, (3) објавена е во “Службен весник на Република Македонија” без потпис на претседателот на Републиката на указот за прогласување на Законот за нејзина ратификација, и (4) ништовна е според Виенската конвенција за договорно право од 1969 година, бидејќи го суспендира универзалното право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ!

Законот за употреба на јазиците објавен во “Службен весник на Република Македонија” на 14 јануари 2019 година без потпис на претседателот на Републиката на указот за негово прогласување е во спротивност со Уставот и е ништовен!

И покрај се’ и после се’, останува одлуката “За суверена и самостојна држава Македонија” без додавки и без придавки донесена со речиси 80 проценти од вкупниот број запишани избирачи на референдумот одржан на 8 септември 1991 година!

Останува резултатот од референдумот одржан на 30 септември 2018 година на којшто околу две третини од вкупниот број запишани избирачи не гласаа за членство во ЕУ и НАТО и не ја усвоија Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите без исклучок!

Македонците отфрлаат пристапување на државата Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Атина за промена на името на државата, и наци-фашистичкото барање на Софија за промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Не смееме да заборавиме…

На 16 декември 1991 година, Арбитражната комисија за Југославија на Европската заедница, чии членови беа претседателите на уставните судови на пет земји членки на Европската заедница со претседателот на Францускиот уставен суд Робер Бадентер како нејзин претседател, донесе одлука: Република Македонија ги исполнува условите за признавање на државноста, а “употребата на името Македонија не значи територијални претензии кон соседните држави”!

На 3 јули 1992 година Поради декларацијата на Европскиот совет на Европската Заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува на признавањето на државноста без името Македонија, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 3 јули 1992 година донесе Декларација со која: (1) го смета за неприфатлив и го отфрли делот за признавање на Република Македонија ‘со име кое нема да го вклучува терминот Македонија’, (2) потври дека “името Македонија е основа за името на еден народ – Македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши дискриминација врз тој народ и националностите кои живеат со него, тоа не е во функција на мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедени на мирен и демократски начин”, и (3) “натаму инсистира и бара Европската Заедница како и пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на Обединетите Нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници”!

Врз основа на барањето под државното име Македонија А/47/876-S/25147, а по препорака на Советот за безбедност со Резолуција 817(1993) од 7 април 1993 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации на 8 април 1993 година донесе Резолуција 47/225 за прием на Република Македонија во членство на Обединетите Нации, со напомена: Додека траат разговорите за разликата за името, само во системот на Обединетите Нации и времено, на Македонија да и’ се обраќаат како “поранешна Југословенска Република Македонија“ (The former Yugoslav Republic оf Macedonia).

По тужба од Македонија против Грција за кршење на членот 11 од македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година, Меѓународниот суд во Хаг на 5 декември 2011 година донесе пресуда со којашто се суспендира суспензивното право на Грција против Македонија и се потврди дека Македонија може да членува и аплицира во сите меѓународни организации и сојузи на држави под државното име Македонија, иако Грција го задржува правото само да протестира доколку другите ни’ се обраќаат и не’ примат во членство под државното име Македонија!

Македонците во светот изразуваат огромна благодарност на 140 држави во светот, 2/3 од вкупниот број земји членки на Обединетите Нации, кои и покрај велепредавството на марионетската влада на Зоран Заев, и покрај притисоците од Владата во Атина со можни последици по нивниот суверенитет и интегритет, не’ признаа под државното име Македонија без временото обраќање во системот на Обединетите Нации “поранешна Југословенска Република Македонија”.

Останува барањето за итно и безусловно еднострано раскинување на Спогодбата Димитров-Коѕиас, со нота за тоа треба да се известат Владата во Атина и Генералниот секретар и земјите членки на Обединетите Нации во Њујорк.

Останува барањето за итно и безусловно доставување нота до Генералниот секретар и земјите членки на Обединетите Нации во Њујорк, за продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимените северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик, туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик на англиски јазик Macedonian people и Macedonian language, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес.

Остануваат барањата до Атина за државјанствата, граѓанските имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година, Првата Светска Војна1914-1918 година, Втората Светска Војна 1939-1945 година и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, како и за човековите и граѓанските права и слободи на Македонците во Грција, репарациите и извинување за сите историски и општествени неправди и злосторства против Македонците.

И покрај се’ и после се’, Македонците предлагаат историско помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации, знаејќи дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос!

Македонија вечна од исконот до бескрајот! Никогаш северна, само Македонија! Амин!

Пишува: Тодор Петров

Коментирај