Колумна на Тодор Петров: КВИСЛИНГ И ЗАЕВ

0
526

Љубомир Данаилов Фрчкоски во 2005 година, при расправата за државното име Македонија велеше: “Владата треба да го извести медијаторот дека Македонија се однесувала во согласност со Резолуцијата усвоена при приемот, но таа Резолуција сега е исцрпена и затоа бара да биде примена во Обединетите Нации под уставното име.“ Според толкувањата на Фрчкоски на Привремената согласност од 13 септември 1995 година, “Македонија има обврска да преговара, но не до краен договор, а нашата добра волја да го правиме тоа ни ги затвора другите опции за решавање на проблемот – што, всушност, е и грчката тактика.“ Фрчкоски смета дека “во земјата не треба да се дебатира за името на државата како што тоа се иницира со предлогот на Никола Груевски за референдум и дека такво нешто има смисла само ако некој прифати промена на името на државата, а не претходно.“ Според негови оцени, “Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа!“

Кој е Квислинг и кои се внатрешните квислинзи во Македонија кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа?

Видкун Квислинг е роден во 1887 година во Фиресдал. Тој ја започнал својата воена кариера многу рано, на 18 години. Посетувал воздухопловна школа од 1905 до 1908 година и бил најдобар во својата класа. Во 1917 година бил унапреден во чин капетан. Од 1922 до 1925 година учествувал во хуманитарни мисии во Советскиот Сојуз и Ерменија, а подоцна служел како службеник во Норвешката амбасада во Москва. По враќањето во Норвешка, тој влегол во политиката како страствен антикомунист. Бил министер за одбрана (1931-1933) во кабинетот на премиерот Аграр, но подоцна ја основал својата политичка партија, Народната алијанса, мала политичка партија со малку следбеници. Народната алијанса, како политички сродна партија, ја помогнаа германските нацисти. Квислинг им се оддолжил за време на германската инвазија на Норвешка. Неговата партија ќе биде петта колона во германската инвазија на Норвешка.

На почетокот на Втората светска војна, Квислинг одржал бројни состаноци со Хитлер и неговите соработници за да ги увери во потребата од окупација врз Норвешка. Кога успеал во април 1940 година, Германија ја нападна Норвешка и уште во мај, Норвешка капитулира. На 9 април 1940 година, кралското семејство и членовите на парламентот биле принудени да ја напуштат престолнината на Норвешка и да се повлечат во Елверум, 80 км оддалечено од шведската граница. Квислинг ја виде својата можност да добие моќ и во рок од неколку часа по германската инвазија се прогласил за премиер, со што Народната алијанса станала единствена легална политичка партија.

До 1942 година, Германците официјално не го признавале Квислинг за норвешки премиер се додека тоа не го стори кралот на Норвешка Хокон VII, но бидејќи кралот одбивал да го стори тоа, истата година Германија ја признала Квислиншката влада. За возврат, Квислинг се обидел да ги всади нацистичките принципи и практики во норвешкото општество и истовремено организирал прогон на Евреите. Покрај тоа, Квислинг спроведувал терористички методи против оние кои покажале лојалност кон кралот и законски избраната влада, а кои престојувале во Лондон по инвазијата врз Норвешка. На крајот на Втората светска војна, Видкун Квислинг бил уапсен и осуден на смрт од страна на норвешкиот суд со стрелање. Смртната казна е извршена на 24 октомври 1945 година.

Името на Квислинг стана синоним за предавство и соработка со непријателот ширум светот, не само во Норвешка. Дериват на квислинг се користи за граѓанин кој му помага на непријателот да ја освои својата земја.

Квислинзи во Македонија се Зоран Заев и неговата камарила, кои станаа марионетски режим за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација! Тој тоа и не го крие! Јавно кажа дека неговата Партија СДС повеќе не е македонска партија, неговиот гуру, СДС го дефинира како најголема албанска партија во Македонија…

Заев е синоним за велепредавство и соработка со непријателите на Македонија и Македонците. Дериват на заев се користи за граѓанин кој ми помага на непријателот да ја окупира Македонија, од држава да стане територија без народ и историја чии администратори се соседните метрополи…

Но, и покрај се’ и после се’, ова е држава Македонија, само држава Македонија и ништо друго освен држава Македонија! Ние сме Македонци, само Македонци и ништо друго освен Македонци! Нашиот јазик е Македонскиот јазик, само Македонскиот јазик и ништо друго освен Македонскиот јазик! Така било, така е, така и ќе остане! Кој не верува нека ја прочита Библијата, и во неа истото го пишува!

Кошмарот Заев со рекетарите Катица и Боки ќе заврши, Идризово треба да се варосува…

Македонија вечна од исконот до бескрајот! Сите Македонци еден за друг! All Macedonians for one another! Амин!

Пишува: Тодор Петров

Коментирај