Колумна на Тања Каракамишева: ТУЃО НЕ БАРАМЕ, СВОЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!

0
559

„И покрај сите видови и форми на притисоци, влевање страв на различни начини, внесување нетрпеливост и закани дека некој, негде, некому, нешто ќе му наштети на Македонецот ако отиде на протест, ЕВЕ ФАЛА МУ НА БОГА, ЖИВИ И ЗДРАВИ СМЕ, И НИШТО НЕ НИ ФАЛИ!“ пишува професорката Тања Каракамишева – Јовановска во својата колумна објавена на порталот „Дудинка“.

После гордите вевчанци, после патриотите прилепчани, на 27. февруари, 2018 година го почувствуваме патриотскиот пулс и на скопјани, кој дава надеж дека МАКЕДОНЦИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД СВОЕТО, и дека секогаш достоинствено, храбро и со ум ќе го бранат својот дом, ќе ја брана својата Татковина!

И покрај ладното време, и покрај снегот кој не престана да паѓа, улиците во центарот на Скопје беа претесни од илјадниците Македонци кои за цело време додека одеше групата по утврдената маршута не застанаа со пеење Македонски песни и со скандирање МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА! Со гордост и достоинство чекоревме заедно како еден, исполнети со најисконската мисла и желба, да го одбраниме нашето Библиско име, и да му покажеме на светот дека во Македонија живее горд народ, кој нема да дозволи да му се менува името, идентитетот, јазикот, историјата, традицијата. Им покажавме на домашните политичари, ама и на странците дека Заев, или кој било друг политичар НЕМА МАНДАТ ДА ПРЕГОВАРА ЗА МЕНУВАЊЕ НА НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ! НИКОЈ НЕ ГИ ОВЛАСТИЛ ЗА ТАКВО НЕШТО, И ДОДЕКА СМЕ ЖИВИ НЕМА ДА МУ ДОЗВОЛИМЕ ТАКВО НЕШТО!

Македонците не дале мандат и овластување за такво нешто!

Македонците никогаш, по ниту една цена, за ниту еден влез во каква било организација, алијанса или што и да е нема да дозволат условувања од типот ВЛЕЗ ВО ЕУ И НАТО само со ПАЗАР, СО ТРАМПА НА НАШЕТО ИМЕ!

Ниту едно членство во ниту една организација, па нека е и светска, планетарна организација не е ПОВАЖНО ОД НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ, ОД НАШЕТО ИМЕ!

АКО ГО ИЗГУБИМЕ НАШЕТО ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК, И ТОА ШТО НЕ ПРАВИ МАКЕДОНЦИ, НЕМА ДА ВЛЕЗЕМЕ КАКО МАКЕДОНЦИ ВО НАТО И ВО ЕУ!

ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ КАКО БЕЗЛИЧНИ ЛУЃЕ, БЕЗИМЕНИ, ОСАКАТЕНИ, УМРЕНИ ВО ДУШАТА.

ТОА НИКОГАШ И НИКОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ГО ПОПРАВИ.

ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ НАШИТЕ ДЕЦА БЕЗ ИМЕ, И БЕЗ ИДЕНТИТЕТ, ЌЕ ГИ УМРЕМЕ УШТЕ НЕРОДЕНИ ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, ЗАТОА ШТО НИЕ СМЕ ПОТКЛЕКНАЛЕ, ЗАТОА ШТО НИЕ НЕ СМЕ ИМАЛЕ СВЕСТ И СОВЕСТ ДЕКА ВЕЧНО ИМ ГО ОДЗЕМАМЕ АПСОЛУТНОТО ПРАВО ДА БИДАТ МАКЕДОНЦИ!

НИКОЈ КАКО ЧОВЕК, НИТУ ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА КАКО КОЛЕКТИВИТЕТ, НЕМА ПРАВО ДА ОДЗЕМА ПРАВА НА ДРУГ, ДА УКИНУВА ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ НА ГЕНЕРАЦИИТЕ ШТО ДОАЃААТ, ДА ПРЕИМЕНУВА ЛУЃЕ КОИ СЕГА СЕ ЖИВИ И КОИ НЕ СЕ СОГЛАСУВААТ ДА БИДАТ ОСЛОВУВАНИ КАКО ГОРНОМАКЕДОНИЏИ, СЕВЕРНОМАКЕДОНИЏИ, НОВОМАКЕДОНИЏИ, ИЛИ НЕШТО ДРУГО ОД ТИЕ ГЛУПИ И ИДИОТСКИ ФРАЗИ!

НИЕ ОД СЕКОГАШ СМЕ БИЛЕ, ДЕНЕС СМЕ И ЌЕ ОСТАНЕМЕ МАКЕДОНЦИ!!!
НАШИТЕ ДЕЦА, ВНУЦИ, ПРАВНУЦИ, СЕ И ЌЕ ОСТАНАТ МАКЕДОНЦИ!
ТОЧКА!

Пишува: Тања Каракамишева-Јовановска.

loading...

Коментирај