Колумна на Стефан Влахов-Мицов: Зошто секоја македонска генерација е подеградирана од претходната?

0
534

Деградацијата на народите и нивните елити е карактерна за западниот тип цивилизација која ги опфаќа Европа, Северна Америка и локални делови од останатиот свет. Две причини се за тоа и тие се взаемно поврзани. Едната причина е трансформирањето на народите во консуматорски општества при кое што суверенитетот е потчинет на материјалната егзистенција. Консуматорскиот потфат пред 1990 г. беше присутен не само во западниот свет, туку и во источноевропските земји, вклучително и СФРЈ. Само што рамништата беа различни. Инаку содржината беше иста – да се трупа повеќе. Во Бугарија Тодор Живков отворено велеше: „Суверенитетот е народот да има за јадење и пиење“. Во Југославија и конкретно во Македонија, „суверенитетот“ вклучуваше уште и западни производи и шетање по светот. Затоа по 1990 г. мечтата на сите поранешни социјалистички земји стана да добијат толку колку што има Западот. И заборавија дека Западот го има сето добиено од колонизаторска експлоатација на целиот свет.

Оттука и глупостите за ЕУ и за НАТО. Едните ќе не хранеле, а другите ќе ни го чувале газот. Тие гледаа на ЕУ и НАТО како на многу побогата СФРЈ и на помоќна ЈНА. И ТОЈ ИДИОТИЗАМ ПРОДОЛЖУВА ДО ДЕНЕС. Не случајно и Заев и Мицкоски зборуваат за плати, за економија, а не за македонското име, идентитет, јазик и историја.Такви мантри не проаѓат во Русија, во Кина, во Кореа, Индија и т.н. затоа што менталитетот на тие народи е поинаков. Друг е нивниот вредностен систем. Тоа личи како кај најпростиот факт, појадокот во хотелите. Ние, европските идиоти ќе се посереме од јадење (уште повеќе ако има ол инклузив), додека Кинезот ќе си земе колку да наполни една чашка за кафе. Индија е бедна држава, а луѓето таму се најсреќните во светот, додека од Македонија за три децении се исели половина народ. Не е тоа од глад, зашто тука има многу необработена земја која пустее, ама затоа што сакаме да одиме на Запад за да добиеме повеќе. Затоа и македонскиот идентитет се менува лесно за бугарски пасоши. Или пак сме спремни на секакви понижувања од страна на Грците, само за да одиме таму на море. Тој консумативен дух кај македонскиот народ, кај македонската „елита“ достигнува екстремни размери. Во денешна Македонија, замислете, има милијардери. Еден денешен градоначалник од СДСМ има 70 стана, друг поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ има 40. НА ОНОЈ СВЕТ ЛИ ЌЕ ГИ НОСАТ ПАРИТЕ И СТАНОВИТЕ?

СО ДОСЕГАШНИОТ КОНСУМАТОРСКИ МЕНТАЛИТЕТ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ НИКАКВА ИДНИНА – НИТУ КАКО ДРЖАВА, НИТУ КАКО НАРОД, НИТУ КАКО ПОЕДИНЦИ. ЗАТОА ДЕНЕС СИТЕ СМЕ КАКО БРОЈЛЕРИ ЗА КЛАНИЦА, КОЈА НЕ НИ БЕГА. НЕМА ПАРТИИ, НЕМА КОАЛИЦИИ, ОПЦИИ И ПЛАТФОРМИ. ДОДЕКА ЦЕЛТА СЕ САМО ПАРИТЕ, СТАНОВИТЕ, ВИКЕНДИЦИТЕ, КОЛИТЕ И Т.Н. НИШТО ОД НАС.

Консуматорскиот македонски дух од последните 70 години е тесно поврзан со деградација во идејните и морални вредности. Одамна во Македонија не се умира за идеи, не се умира за слобода. За такви работи дури не се ризикува. Се ризикува за пари, затоа и има грабежи колку сакате. Се знае дека во Илинденското востание учествуваат околу 18 000 Македонци, Значи околу 1-2 % од македонското население. Толку колку што се учесниците во антифашистичката борба 1941-1944 г.?

За цела Македонија (Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел) до крајот на 1941 г. имало 1.000 партизани. До крајот на 1942 г. – 2.000 партизани. До крајот на 1943 г. – 7.000 партизани. До крајот на 1944 г. – 66.000 партизани. Во март 1945 г. – 83 814 партизани. Во мај 1945 г. – 110.000 партизани.

Тука мора да се посочи дека голем дел од спомнатите пртизани во првите години биле така бројни за кратко време. Потоа дел од нив се фатени и ставени во затвор, а други се убиени. Општиот заклучок е дека антифашистичкото движење се одвивало во зависност со резултатите на Источниот фронт. Друг показател се дадените партизански споменици од 1941 г. Во цела Југославија тие се 27.750. Да направиме споредба – 27.500 партизани во Југославија во 1941 и само 1.000 (со потребната како кажав редукција) во Македонија. Од друга страна за време на антифашистичката борба бугарските и италијанските фашисти убиваат повеќе од 24.000 Македонци. Се гледа од цифрите дека тие биле главно мирни жители.

ЕВЕ ГО И ЗАКЛУЧОКОТ: МАКЕДОНЕЦОТ ВО МИНАТОТО, КАКО И ДЕНЕС, СЕ ПЛАШИ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ОТВОРЕНА БОРБА. СЕ КРИЕ ДОМА ЗА ДА СИ ГО ЗАЧУВА ЖИВОТОТ, А ВО СУШТИНА ДАВА МНОГУ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ ОДКОЛКУ ТИЕ КОИ СЕ БОРАТ СО ОРУЖЈЕ. ПРИТОА, СЕКОЈА СЛЕДНА МАКЕДОНСКА ГЕНЕРАЦИЈА Е ПОДЕГРАДИРАНА ОД ПРЕДХОДНИТЕ. СЕ ПО КОНФОРМИСТИЧКА, СЕ ПОПРИЛАГОДЛИВА.

ВЕЌЕ СУМ ПИШУВАЛ И СЕГА ЌЕ ПОВТОРАМ. ЗАРАДИ КОНСУМАТОРСКИОТ ДУХ И ПРИЛАГОДЛИВОСТ ВО БЛИСКА ИДНИНА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ЧЕКААТ ЖЕСТОКИ ВРЕМИЊА, МНОГУ ЖРТВИ. МНОГУ ПОВЕЌЕ ОДКОЛКУ АКО ВО 2015 Г. ГРУЕВСКИ ЈА БЕШЕ ПРИФАТЕЛ РУСКАТА ПОНУДА ЗА ПОТКРЕПА, КАКО ШТО ЈА ПРИФАТИА АСАД ВО СИРИЈА И МАДУРО ВО ВЕНЕЦУЕЛА. ТОГАШ НЕКОИ МАКЕДОНСКИ ИДИОТИ МИ ВИКАА ДЕКА АКО ГРУЕВСКИ ЈА ПРИФАТЕЛ ПОНУДАТА, МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕЛА СИРИЈА. САМО ШТО СИРИЈА ИАКО СО МНОГУ ЖРТВИ ЌЕ СЕ СПАСИ, А МАКЕДОНИЈА ВО ИДНИНА ЌЕ ДАДЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ И НЕМА ДА СЕ СПАСИ. ДЕНЕС ДРУГИ НЕНОРМАЛНИ ВЕЛАТ ДЕКА АКО ВМРО-ДПМНЕ ДИГНЕЛО БУНТ, ЌЕ БИДЕ ОБВИНЕТО ЗА ТЕРОРИЗАМ И ЌЕ БИДЕ ЗАБРАНЕТО. А МАКЕДОНСКИТЕ КОМУНИСТИ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (И ПРЕД ТОА) НЕ БЕА ЛИ ЗАБРАНЕТИ? И ДАЛИ ТОА ГИ СПРЕЧИ ДА ПОБЕДАТ?

СЕКОЈ НАРОД, ВКЛУЧИТЕЛНО МАКЕДОНСКИОТ СИ ГИ ЗАСЛУЖУВА ПОЛИТИЧАРИТЕ И СУДБИНАТА. БИЗМАРК ТОА ГО Е КАЖАЛ СО ПРАВО. НИЕ СЕ ЖАЛИМЕ ДЕКА СМЕ ЖРТВИ, А ВО СУШТИНА САКАМЕ ДА БИДЕМЕ ЖРТВИ. СИНОЈКА 114 ПРЕДАВНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО ПОТПИШАА ДЕФИНИТИВНО СМРТНА ПРЕСУДА КАКО ЗА СЕБЕ, ТАКА И НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД. КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ОБРАТНОТО БРОЕЊЕ СИТЕ НИЕ КАКО ДОСЕГА ПО ТРАДИЦИЈА ЌЕ ПЛАЧЕМЕ ДЕКА СМЕ ЖРТВИ.

НО НИКОЈ НЕМА ДА НЕ ЧУЕ. И НЕ ТРЕБА ДА НЕ СЛУШНЕ.

Пишува: Стефан Влахов-Мицов за Дудинка.орг

Коментирај