Колумна на Сотир Костов: Лаги, измами, манипулации, па потурање со пепел – тоа е Заев!

0
287

Првиот знак за глупоста е целосната отсутност на срам. Зигмунд Фројд. И оди бе барем малку срам да го јаде? Не бре брате. Мува не го лази. Широко му поље до Косово поле. Сигурно поради неверојатната техника на умот: микс од искривена логика, испрекината дијалектика и демагошка реторика. Не случајно Фројд рекол дека првиот знак за глупоста е целосната отсутност на срам. И затоа кај нашиот современ Минхаузен, ни срам, ни перде. Ееее, карма ис а бич! Ама и бумеранг, а него колку далеку да го фрлиш, ќе ти се врати и главата ќе ти ја скрши.

Да, Зоран Заев, лично и персонално. Во прво лице еднина. И во второ. Море и во трето лице. Да не се само три лица еднина, ете да се 26, тој од шега и 26тото ќе го достигне и престигне. И така ни приреди политичка бурлеска “Избори во 26 датуми“, мејд бај несудениот нобеловец Зоран Заев: Најпрвин беше првата половина на јуни, време кога Заев гледаше во филџан кафе и претскажуваше – шта му је мило, то му се и снило. Следуваше гледање во кристалната топка на политиката и 21јуни… па 28 јуни… па 5 јули… енд фајнали, ама не и ласт 8 јули (изјави во текот на мај и првата половина на јуни 2020г.). Дури и со сериозна додавка “Ние не сакаме избори без опозиција, но ако Мицкоски се одлучи на тоа, ние ќе покажеме што можеме да направиме во еден мандат без саботажи!“. Мандат добиен во трка со еден коњ и без вистински меѓународен мониторинг. Тоа е малку, па уште една: “Датумот за избори не е партиска и лична желба, одреден е со Уставот и законите“(14. 06. 2020г.). Пусто посакување повторување на 1994тата и избори без опозиција, како увертира на најголемата пљачка на општествениот и државниот капитал. И кога сите се исплашивме од опасност дека ќе ни приреди страхотна реприза – ништо од тоа. И само ден потоа, како гром од ведро небо – пресврт. И тоа Коперникански! Избори ќе има на 15 јули. Веома врло сам се изненадио, због ово његова изјаве. Море, страхотно сум се изненадил! (Не ми замерувајте за лошиот есперанто, чија основа е српско-бугарско-англиското наречје. Само се трудам да му парирам на Заев. Не ми оди баш најдобро, ама упорен сум, ќе се подобрам. Часна Заевистичка реч!).

Друштво, шегата настрана, ова не е обично лажење, ова не е само измама. Не е ни само манипулација. Тоа ти е лаги, измами и манипулации, колку сакаш. На куб! Секому според потребите, ама исклучиво според можностите на Заев. А можностите за тој профитабилен занает и бизнис, кај него се no limits. Само небото му е граница, разбира се, во лагите, измамите и манипулациите. Па тоа ти е ризница од лаги (Ќе ви ги презентирам во некоја следна прилика. Само да ве информирам дека, сега-за-сега, бројот е 102,5 со експоненционална тенденција на рапидно зголемување). И сега, од каде па јас знам дека ќе има куп лаги, еден ал измами и коџа манипулации. А да ве потсетам на познатата изрека: “Најмногу се лаже пред и за време на избори и војна и после риболов“. Значи, ќе биде весело. Ама и шашаво, како космодискот. Добро, малку е и глупаво, ама ова некако тихо поминува кај нас. Дали зошто највисокото достигање на оваа власт во овие три години беше глупоста? Не знам. Ама три години гледам како на Заев доказите му се кратки, а јазикот долг. И затоа од него овие години гледавме наутро “Да!“. Напладне “Можеби?!“. Навечер “Не!“. И оди бе барем малку срам да го јаде? Не бре брате. Мува не го лази. Широко му поље до Косово поле. Сигурно поради неверојатната техника на умот: микс од искривена логика, испрекината дијалектика и демагошка реторика. Не случајно Фројд рекол дека првиот знак за глупоста е целосната отсутност на срам. И затоа кај нашиот современ Минхаузен, ни срам, ни перде.

Ние можеме да зборуваме и пишуваме што сакаме, ама Заев дефинитивно покажа, сега и тука, но и urbi et orb (објави и разгласи во Македонија и на целиот свет), како од салто морале, преку салто мортале директно се оди во политичка пензија. И можеби не случајно имавме најава за скорешно идно лидерство, лично и персонално од Боки Тредичи, зајакната со изјавата “Се е труло во земјава Македонија… Брутална политика“. А само пред година дена Боки Тредичи, државниот естаблишмент, судскиот крем и медиумските могули, глодури и македонски инсајдери, туто комплето, славеа годишнини, правеа журки, пијачки, па и по малку шмрчки. А денес, Боки и Катица у апс, а сви остали, ником поникоше. Ееее, карма ис а бич! Ама и бумеранг, а него колку далеку да го фрлиш, ќе ти се врати и главата ќе ти ја скрши. Али нече за дуго. Нови снимки веќе се инсталираат. А после јавно поставените прашања на Мечка и мојата маленкост “Каде е Палчо?“, прво мук, па штама, и на крајот пред избори, ете ти го Палчо – изравно из Хрватске, жив и здрав. И, Палчо дава интервју, кај она лукративното новинарско шнајдерче, Кичеец и Мијалков, прават кафанска тепачка, и….ту би континjу.

Денес и еден бонус за вас драги читатели. Замислете, го дочекавме и тој ден. Артан Груби, архи-бригадирот на уличниот перформанс, советникот-преведувач на Али Ахмети и “Катица бр. 2 за се“ во ДУИ(Бујар Османи сериозно е загрозен и тронот на “Катица бр.1“ му се ниша), лежерно, ама машки да и ја соопшти на македонската јавност ВИСТИНАТА за основната причина поради која Зоран Заев го направиле премиер – да го смени Уставот и името на Република Македонија. Одозгора на тога да го донесе законот за двојазичноста и поврх на свега, да ги потпише спогодбата со Грција и договорот со Бугарија. То волим брате кад је неко искрен у политици. И замислете – сето тоа различно од тоа за што граѓаните гласале во 2016г. Ете браќа тоа не снајде. Демократија која во нормална земја не смее и да се замисли, ама кај нас, за жал, свесно е реализирана. Па, луѓе, во предвечерието на изборите, има ли подобар пи-ар за Заев, за УЧК девојката – Шеќеринска и сичкото шарено друштво во СДСМ? Браво! Полека, пополека, предизборното загревање на површина го исфрла сиот коалиционен талог. Што да им кажам на сето ова: Свирај то поново Сем!

Пишува: Сотир Костов

Коментирај