Колумна на Сотир Костов: Империјата го возвраќа ударот (2) – Македонскиот La Piovra (Октопод)

0
506

Империјата го возвраќа ударот(2) /Војна на забеганите елити за пари, моќ и доминација/ Македонскиот La Piovra (Октопод) Боки Тредичи –  Прокураторе Спечијале Катица – Мачедоне Јордан Камчев /сега-за-сега/

Сите поединци, владини институции, државни органи и судски и јавнообвинителски инстанци, кои на еден, друг или трет начи се замешани во аферата “Рекет“.

Почитувани мои Македонци, на 24 јули го започнав серијалот Империјата го возвраќа ударот(1)

/Војна на забеганите елити за пари, моќ и доминација/, и најавив неколку продолженија. Еве денес ви го давам второто продолжение. Мој критичар, ама добронамерен ме закачна дека споредувајќи ја аферата Рекет со Филмот Империјата го возвраќа ударот, малку сум бил нејасен.

Не се согласив со него, ама еве денес ќе се обидам да бидам нешто појасен. Во изминатиов период ни се случи Ла Пјовра – Октопод, а ла Боки Тредичи, Прокуроре Спечијале Катица и Мачедоне Јордан Камчев. Ете денес ве враќам во периодот 1984 – 2001 година, кога сите ја гледавме култната италијанска серија La Piovra, антиполитичка и антикриминална, реална и сурова, за полициската пресметка со сицилијанската мафија. Тоа беше слика и пресек на италијанската реалност, преку фабула и метафори. Е па не стигна и нас, само што нашата стварност, е посурова и од самата реалност. Еднаш го преживувавме траумите од ТАТ и Свети СДСМ, од кои лузните уште не ни се зараснати, и еве, историјата ни се повторува како фарса. Во втората деценија од 21 век, ги добивме безбројните пипки на Октоподот. И ние сме ги имале Мафијашот Гаетано Тано Кариди, Моќниот банкар Никола Антинари, Авокато Теразини, Вицекомесар Лео де Марија, Контеса Рафаела “Тити“ Пеци Сциалиа, Дон Манфреди, Олга Камастра, Алфредо Равануса, Просекутор Скардона, Полициски офицер Мартини, Шефот Морели, Дон Гарофало, Баронот Плато, Проф. Себастиано Канито, Проф. Џанфранко Лаудео, и многу други сомнителни мафијашки и криминални ликови.  За сите нив кај нас на рекетарскиот кастинг  учествуваат следните категории на лица:

Македонски политичари во соработка со Боки и Меѓународниот сојуз, видно од заеднички слики, дружење, журки, прослави и потпишани Меморандуми за соработка, како олеснувачи: Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија, Радмила Шеќеринска, министерка и потпретседател на Влада на Р. Македонија, Александар Кирацоски, пратеник и доскорашен генерален секретар на СДСМ, Костадин Костадиновски, пратеник и портпарол на СДСМ, Фросина Ременски, потпретседател на Собрание на Р. Македонија, Горан Сугарески, министер, Стефан Богоев, градоначалник на Карпош, Мила Царовска, министер, Оливер Спасовски, министер, Енвер Малиќи – заменик на градоначалник на град Скопје, Зоран Стаменковски – советник за Зоран Заев и вработен во кривичен суд, Ѓорге Галетановски  – Директор на Зоолошката градина во Скопје, Јасминка Јовановска, член на Комисија за пристап до информации од јавен карактер на Р. Македонија – мајка на Боки Тредиќи.

Обвинители и судии кои буквално спиеле во студио на 1ТВ, а добар дел од нив журкале и славеле јубилеј со Боки 13: Катица Јанева, Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Вилма Рускоска, Добрила Кацарска, Весна Димишкова, Лиле Стефанова, Седат Реџепагиќ.

Државни институции: Влада на Република Македонија, министерства, Специјално јавно обвинителство, Основен суд, Апелационен суд и Врховен суд

Незаинтересиран посматрачи: Совет на јавни обвинители, Републички судски совет и Министерство за внатрешни работи и Државна комисија за спречување на корупција

Општини со потпишани Меморандуми за соработкаКарпош, Куманово, Битола

Бизнисмени кои склучиле договори за соработка со  Боки 13 и МХС: Сиљан Мицевски (ГП Пелистер – Битола; Ардијан Амзоски (полномошник за Дрим Билдинг – Струга и зет на Фијат Цаноски).

БМЈ Медиа Груп Сопственик на 1 ТВ, директор –  Јасна Мандиќ и Јасна Ерцеговиќ. Сопственици пак на фирмата се: Јасна Мандиќ/Ерцеговиќ и Миле Јовановски, татко на Боки Тредиќи.

Невладин сектор – Меѓународен сојуз: Агапи Дика (претседател на Собрание), Јованка Кухар (координатор на проектни активности), Лидија Тодоровска (автор на проектот) и Јасна Мандиќ (координатор на проектот, член на владино тело за соработка со невладин сектор), Санта Аргирова, Лилјана Тодоровска, Огнен Јаневски,  Катерина Ристиќ, Александар Давидовски, Горан Стаменкобски, Енвер Малиќи, Калешов, Филип Филиповски(син на Лила Филиповска), Јованка Кухар, Лилјана Тодоровска, Катица Сколовска, Симона Тасевска, Ѓорѓи Галетановски, Наташа Методиева, Марија Јанковска(јатрва на Шекеринска), Елизабета Калајоргу, ЕмениТалев, Виолета Младеновска, Ева Кајческа Миленковиќ, Борјан Јовановски, Илија Пенов, Катица Ќулафкова, Софија Липа, Елена Димковска, Огнен Јаневски, Сафка Тодоровска, Светлана Савич, Маргарита Матвиевска, Бисера Ковачева и други.

Македонски новинари нарикачи налепени на валканите пари на Боки Тредичи: Александар Чомовски, Ацо Кабрамов, Сашо Ордановски, Јадранка Костова,  Борјан Јовановски, Анета Кочишки и Гордана Дувњак (кои преку проектните емисии Печат на неделата, Правда и неправда, Лица, Отворено студи, дебати и анализи, свесно или несвесно одработија за Рекетот на Боки Тредиќи, и беа платени од парите прибавен од истиот тој рекет.

Проект македонски инсајдер: истражувачко новинарство против организиран криминал и корупција(најавува како проект базиран врз европски вредности и стандарди, а во суштина плагијат на  емисијата Инсајдер на новинарката Бранкица Станковиќ, и неуспешна алатка за притисок и уцена на бизнисмени од Република Македонија).

Мода и естрада: Лила Филиповска, Сергеј Варошлија, Тијана Дапчевиќ.

Рекетирани бизнисмени во кеш: Орце Камчев, и уште неколку други, за кои пријавија поединци и Стопанска комора.

Лице на кое му се земани пари во кеш: Лилјана Тодоровска – 720 000 евра.

Пари кеш и авторски договори: Боки ТредиќиЗоран Милевски – Кичеец – 1 500 000 евра,  Јасна Мандиќ – 230 000 евра.

Проект во замисла: Социјални домови за стари лица.

Водени истраги против Боки, па прекинати: Финансова полиција и Агенција за финансиско разузнавање.

Меѓународната заедница: Која срамно молчи, и сега гледа со кого и колку заглавила во Македонија. Секако има чесни исклучоци(Метју Палмер, амбасадорката на САД во Р. Македонија, Кејт Брнс)

Ќе се согласите конкуренцијата е голема и жестока. Некои од кандидатите се јавуваат во повеќекратна улога. Забележувате: кога ги набројував ликовите од серијата Ла Пјовра, не ги спомнав бескомпромисниот и чесен Полицискиот комесар Корадо Катани и храбрата и непоткуплива Силвија Конти. На моја голема жалост јас такви кај нас не гледам. Според мене за овие улоги шансата ја пропуштија Премиерот Зоран Заев, обвинителот Љубомир Јовески, обвинителката Вилма Русковска. Првиот лик се прави “на Тошо“ и ништо не знае. Втората персона е неискрен лицемер изгубен во Вселената. А третата фаца, како да паднала од Марс, или ако сакате замината на Марс.

И денес повторувам: сведоци сме на брутална и до максимум грозна пресметка на политички, правосудни, невладини, стопански и медиумски забегани елити, кои водат војна за пари, моќ и доминација. Влоговите се големи, најголеми, и затоа, сега за сега, сите до еден велат дека не се замешани во аферата и се чисти џоа бебешко газенце, избришано со влажно марамче, напудрено и премачкано со Павловиќева маст. Но, ние што малку подалеку гледаме, веќе чувствуваме дека каките од замисленото бебешко газенце се тука и реата е неподнослива.

Објаснувањето следува за 2-3 дена.

Пишува: Сотир Костов

Коментирај