Колумна на Сотир Гулабовски: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЛЕГИТИМНА ВОЕНА ЦЕЛ

0
531

Но сега како земја на НАТО Македонија не само штро е легитимна воена цел тука на Балканот и во регионот, туку таа како членка на воен сојуз е легитимна цел каде и да се случи евентуален воен конфликт во било која земја членка на Алијансата.

Републиока Македонија под притисок не толку на Грција колку на САД, го промени своето име. Овој историски преседан, промена на име на мала легитимна држава под притисок на моќните САД, има само една цел: САД воено да навлезат уште 200 километри северно и западно на Балканот.

Ратификацијата е договорена во парламентите на другите земји членки и таа забрзано ќе тече. Но Републиока Северна Македонија де факто веќе е членка на Алијансата. Засега нема реакцијии на македонските дипломатски и воени кругови за фактот што од овој момент земјата станува легитимна цел при било каков воен судир на големите сили или пак на било кое друго воено и безбедносно недоразбирање во регионот со било која друга сила надвор од НАТО. Прашање е дали овој факт им е објаснет на македонските граѓани.

Македонија веќе не е мала симпатична земја во центарот на Балканот. Сега таа е во друштво на моќна армија. Нејзината партиципација од аспект на оружје и друга воена опрема е речиси никакво.

Македонската армија токму според плановите на НАТО ги отпиша сите свои тенковои, ги приземјки сите свои авиони. Ги немаше многу но беа значајнио за нејзините потреби за внатре и за евентуални помали надворешни агресии давата, трите авиони од типот „Сухои“ кои беа купени да интервенираат за конфликтот со албанските воени формации од Македонија и од Косово во 2001-та година. Тие, со своите воени дествија против албанската герила значитечлно го забрзаа крајот на конфликтот и ја зачуваа унитарноста на земјата. Не се остварија плановите на тогашната албанска војска ОНА (ослободителната национална армија) да ја подели Македонија. Епилогот беше промена на уставот на земјата со давање поголеми права на албанската заедница дефинирани во Рамковниот договор.

Но сега како земја на НАТО Македонија не само штро е легитимна воена цел тука на Балканот и во регионот, туку таа како членка на воен сојуз е легитимна цел каде и да се случи евентуален воен конфликт во било која земја членка на Алијансата ако причината за еден таков воен конфликт е воен фактор кој доаѓа од земја која не е членка на НАТО. Дполнително, НАТО никогаш никаде, во ниту една земја не бил фактор кој се мешал во политичките внатрешни работи на земјите членки. Примерите за внатрешни немири, сепаратни процеси, масовни протести, недемократски власти, тоталитарни појави и слично, во периодов се евидентни во Шпанија, Унгарија, Турција, Франција, Полска. Сите тие се земји членки на НАТО.

Дури и САД имаат постојани проблеми со миграциите и напливот на неконтролирано население од надвор внатре во земјата. САД не умеат самите да си го решат тој едниоставен миграциски проблем со години. Оттука, членство во НАТО не само што за Македонија не е гаранција за одбрана од надворешни опасности туку, како и досега уште помалку ќе биде имуна на внатрешни немири, особено на меѓуетнички. И при тоа, НАТО структурите ќе си седат на страна бидејќи доктрината на НАТО е да не се меша во внатрешните политички, социјални, етнички и било какви други конфликтни состојби во земјите нејзини членки.

Згора, самиот факт што на само 40 километри од главниот македонски град Скопје, на Косово, се наоѓа стационирана голема НАТО база, упатува на дополнителна небезбедност на земјата при евентуалчни воени дејствија врз тој воен бастион. И самиот факт што во Скопје се наоѓа објект на САД кој официјално се води како амбасада, а всушност е регионален известителен или со некоја друга нaмена центар меѓу што не се исклучува и воена функција, најновата земја членка на НАТО, ја прави уште попранлива како воена цел.

Сегашната нестабилна светска ситуација, особерно по раскинувањето на договорот од страна на САД за ракетите од среден дострел и со прифаќањењто од страна на Москва за раскинување на тој договор, тензиите од воен аспект се загрозувачки за цела Европа, регионов и вклучително и за Македонија.

Што се однесува пак до финансиските имликации по земјата, тие исто така не се розови. Македонија бргу ќе треба да го достигне процентот 2 од својот БДП. Но кога статистиката зборува дека земјата едвај забележува економски напредок, товарот на НАТО членството по својот џеп неминовно бргу ќе го осетат македонските граѓани.

Пишува: Сотир Гулабовски за Свест.мк

Коментирај