Колумна на Мирка Велиновска: Стегни си го бабулето Геро, иднината ти закажа состанок!

0
448

Многу е глупо нормални луѓе да очекуваат дека од ,,западно-балкански,, бројлери од медиумскиот кокошарник на Сорос, или од гебелсовата пропагандна фабрика на УСАИД, ЦИА и Брисел ќе произлезе нешто разумно, честито и достоинствено. Просто кажано овој генетски модифициран сој на суштества распослан по евроатланските политички мочуришта и канализации одамна нема никакви допирни точки со човечкиот род.

Затоа ич не се изненадив кога го прочитав јавното писмо до ,,Другарот Заев,, кое го упати Бранко Геровски, водачот на смена во сите медиумски фабрики и лидер на ,,нашите,, медиумски калаштури, односно, преститутки и преститути. За оние од третиот род ( џендер де, на англо-американски јазик), заостанатиот македонски јазик нема измислено заменка што е различно од напредните албански, бугарски и грчки јазик кои несметано комуницираат со овој ,,пол,, во рамките на нивниот умоболен и дегенериран универзум.

Еве зошто: Геровски има долгогодишна исповедничка рутина на јавни обраќања до домашни политички моќници и амбасадори на држави кои тои ги смета за ,,угледни,, според неговиот бројлерски вредносен систем. Им се обраќа или кога ќе престанат да го дружат што лошо се одразува на неговата диспропорционална суета и го потсеќа на бројните тешки комплекси или кога инстинктите ќе го предупредат дека се ближи расплет каков што не очекувал.

Во двата случаи вака скоцканите јавни обраќања се тесно поврзани со неговото слабо бабуле и итроманството на самонапувано мекотело гребло кое поверувало дека нормалните човеци се глупи ко него.

Значи, другарот Геровски во поза на сноб од муртинското блато, го кара квислингот, човекојадецот, лиглето, безрбетникот и арамијата Црпко што на некоја си средба со ..најугледни,, медиумски бројлери од ,,највлијателните,, медиуми,, тој и други ,,тешкаши,, од неговиот круг на ИЗБРАНИ седеле на иста маса со проста и анонимна бројлерска маса од заедничкиот им соросоиден кокошарник. А темата на разговоров била сврзана со името на државата МАКЕДОНИЈА, односно, со идентитетните пиздарии кои ги штанца евроатланскиот фашизам.

Ејгиди! Што да ви кажувам, на Геро лидерот, револуционерот и докажан борец за високи медиумски стандарди, права ем правдини му недостигале ,,тешкаши,, од другата страна. Масата им била нестабилна! Ги немало за рамнотежа оние што тој и Црпко ги победиле, оти го бранеле режимот на Груевски. И да. ,,Револуционериве,, ги нарекувале куртони.

Кога шкопениот од Муртино, пучист, квислинг, и злосторник би го прашал за совет, тој,,,корифејот,, ,,глодурот,, Геро би ги поканил Латас, Миленко, Мирка, Дарко и Бобан. За да масата добие рамнотежа ем тежина, а ќе делува успокојувачки на вознемирената суета на мекотелото искомплексирано суштество со ерга омнес Гериз, сме му затребале баш ние, куртоните. И баш сега кога станува жешко а неизвесно.

,,Оно,, од космосот не се ни сомнева дека кога ние, земските куртони, би добиле ваква покана, ќе дркаме јавно врз неа. Напротив, ни се додворува мислејќи дека сите ние заедно и секој од нас поединечно одвај чека да дише ист загомнет воздух со чумосани примероци од подземјето. Геровски и неговите содружници тешкаши и ситна бројлерска боранија едноставно неможат да поимат дека линијата на разграничување во човечкиот род е веќе поставена. Ние не сме ни фикуси ни соросоиди ни калемени цијашки сливи, не сме ГМО хуманоиди, не сме мекотели и секако не сме ѓоа политичари или ѓоа новинари. Ние имаме досатоинство.

Со него не се тргува оти е бесценето. Ние совршено добро распознаваме фашизам дури и кога е маскиран како ѓоа евроатланска слобода. Затоа со фашисти не разговараме, ниту се дружиме. Со фашизам ќе се бориме на секое место, во секое време, на сите возможни и незамисливи начини.

Не е ова бре Рамковно – Пржинска римејк гротеска во режија на агентот и пропалитетот, дудлачот на Сорос, Владимир Милчин, па да ни доделувате улоги на асистенти на политичките ем партиски поглавици во кафеанска дешавка во некој Клуб на пратеници или слично вонуставно место да не кажам дувло. Ич не помислувајте дека ќе лапнеме јадици како вас што ве ловат на дудинки разни психопати. Ние не сме гребла. Градски деца сме. Не одгледувале саглам родители, не учеле саглам учители.

Воспитани сме и цивилизирани та дури и кога фрламе ѓубре облекуваме лакирани чевли. Не сме Пајовци, Лилјани и слични пајтон лидери на гранап партии кои за пари и звања потпишуваат се што ќе им се нареди. И не сме опајдари и профукњачи како вие од пропагандните фабрики за да подржиме вакви одлуки. Потписите за смрт на Македонија и Македонците не ви ги признаваме! Таман цело НАТО да се истури врз нас. Ќе го папате бре сите со се казнени камати за да го запамети чинот и вашиот инфициран пород до седмо колено.

За почеток, кога веќе на овие медиумски профукњачи, се од ред пропагандисти и психички нестабилни ентитети, почнаа бабулињата да им пуштаат моч, јас им порачувам: Нема заедничка маса. Нема ни разговор а камоли преговори со сериски убијци и лудаци. Фашисти. Ние не сме македонски политиканти ниту медиумски платеници. Дел сме од Македонскиот народ и Македонија ни е татковина. А татковината се сака кога и е најтешко.

Ќе ве разгологазиме, ќе ве осветлиме од секој агол. Народот ќе ви суди трибуналски или редовно, ама брзо и ефектно, а ние уредно ќе информираме како одговорни професионални новинари. Има злостори кои времето не ги рехабилитира.

Тие го носат безвременскиот печат. И со него веќе сте жигосани. Ветено ви е ова уште во 2012 година на светската новинарска конференција одржана во Сеул. Ви го соопшти тоа Ноам Чомски кој ве нарече логистика на американската морнарица, пропагандисти, бели шлемови и преститутки. Тоа сте. Тоа ви е гласноговорникот Бранко Геровски. Тежите доволно. И тежите на Македонија. Му тежите на човечкиот род. Затоа ќе ве истресат од себе.

Колумна на Мирка Велиновска – Македонски новинар

Коментирај