Колумна на Мартин Треневски: ВАНДАЛИ!

0
459

Актуелната врхушка на Илинденска ул. б.б. во Скопје, што се претставува како Влада на Република Македонија, не престанува да ја шокира домашната јавност, но и пошироко, со одлуки од кои речиси без исклучок ке влезат во некоја нова Гинисова книга, но овој пат, на глупости и бесмислици.

Најнов бисер на врхушката од Илинденска б.б е владиното соопштение за јавност во кое се соопштува одлуката за отстранување на железната ограда околу Владата!? Колку за појаснување, станува збор за оградата од ковано железо поставена на вкусно обликувани бели столбови што го опколува и заштитува целиот комплекс на објекти на Владата на Македонија!

Кога не би била сериозна, оваа намера на Владата би звучела трагикомично. Еве зошто: Врхушката од Илинденска б.б. за да го дефокусира вниманието на домашната јавност е спремна буквално на се – да руши и одстранува содржини што ги изгради, или на било кој начин асоцираат на претходната влада или режим како што го нарекуваат сегашните властодржци. Почнаа со рушењето и одстранувањето на споменикот на Илинденецот и револуционер Ќосето, сега е на ред железната ограда околу Владата, а намерачени му се и на Музејот на револуционерната борба, па едно време дури и на Портата Македонија и споменикот Воин на коњ.

Ваквите дејанија на рушење споменично богатство во современата светска номенклатура се нарекува ВАНДАЛИЗАМ, а починителите на такви дела ВАНДАЛИ! Дали врхушката од Илинденска б.б. е свесна за ова – не знам но не исклучувам дека сепак е свесна, а и покрај тоа со садистичка наслада сака да руши се што би можело да се остстрани, а што потсетува на петходната власт. По секоја цена – да се руши неводејки сметка дека за се што е изградено се вложени народни пари, ниту пак да се има елеменатрно чуство дека, сепак, в р е м е т о е најдобар судија за оправданоста или неодржливоста на постоење на некој архитектонски објект.

Сличен однос – одбивен и рушилачки имале и Парижани кон архитектонското чудо – Ајфеловата кула (1887-1889) која била влез за светската изложжба што се оджала во Париз. Имено, многу Парижани ја сметале Ајфеловата кула заради нејзиниот облик како грд куп на железо и инсистирале да биде демонтирана по завршетокот на светската изложба. Но, на среќа на Париз и Парижани, Ахфеловата кула опсојува до ден денешен (Ајфеловата кула била највисок објект изграден од човечка рака во светот се до 1930 година кога била надвишена од кулата Крајслер во Њу Јорк). Само минатата година Ајфелопвата кула привлекла над осум (8) милиони посетители и можеме само да замислиме колку огромни приходи му носи на Париз и воопшто на Француската економија.

Но да се вратиме на домашните вандали. Според врхушката од Илинденска б.б. со отстранување на железната ограда просторот околу Владата повторно ке се врател на граѓаните за да можат слободно да се движат и да комуницираат таму. Но дали врхушката воопшто размислува дека во некоја блиска или далечна иднина може и нам, во Скопје и пошироко да ни се случат “жолти елеци” слично на оние како во Париз, па можеби и пожестоки реакции на народот!? Како ке постапи во тој случај врхушката од Илинденска б.б.? Ке постави оклопни полициски возила наоколу (како што подзаскриено го стори тоа неодамна по повод едни однапред најавени мирни демонстрации), или…?

Замислете ја Белата куќа во Вашингтон без железна ограда (нашата, според мое лично мислење е дури и поелегантна од нивната), каде речиси секојдневно има жестоки демонстрации, или пак Бакингенската палата во Лондон без тамошната железна ограда која е двојно повисока од нашата околу Владата на РМ!?

Ако одлуката за вандалскиот чин што го планира врхушката од Илинденска б.б. степак е само пропаганден чин за дефокусирање на јавноста – какви што видовме без број во континуитет поледниве години, тогаш на владиното соопштение да гледаме философски, без поголема возбуда, но ако се сериозни во намерата, тогај вреди да ги предупредиме: за изградба на железната ограда потрошени се 750.000 (седум стотини и педесет илјади) евра н а р о д н и пари, а веројатно уште толку ке бидат потрошени за нејзиното рушење.

Некоја наредна влада цехот, т.е. сметката за ваквиот вандализам ке треба да го испорача на нарачателот за тој чин, во случајот семејниот конзорциум Заеви!

Пишува: м-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

Коментирај