Колумна на Љупчо Цветановски: Кој е Зoки? Јасно е ко Ден…

0
316

Упс, нова „бомба“ пукна во скутот на Зокија. Да, среде ноќ му ја смести другачето Ден. Оној кој фатен со рачињата во медот, толку „транспарентно“ (читај проѕирно) си даде оставка и избега. ЗЗ правел апашлук со него, вели Ден, црн по дејанијата му ко ноќ.

Интересно, и пак никој не се изненади? Оти би било изненадувачки да не е така, да правеле добрини и убаини. Вака, се’ си е тамам и очекувано.

Арно ама, СДССС и компанија да ти биле буквалисти. Ама скроз. Кон ова наведува фактот што таму некој буквално го сфатил муабетот дека се бомбаши. Знаете, оној заебантски атавизам од Заевите дејанија, кога пред да загуби на избори со месеци пушташе аудио „бомби“, кои испаднаа петарди за замајување јавност. Така барем велат резултатите на случаите на СЈО отворени од фамозните „бомби“. Тапа џонсон, ѓон…

Ах, грешка сум. Резултатот од „бомбите“ е голем. Колку Катица Јанева и Боки Тредичи, другарчињата на Зокија кои најавија дека главната експлозивна направа е во рацете на осуденикот кој лидериштето на СДССС обожува јавно да го вика на буквата „П“.

Е, тој на „П“, кажа каде е луј-витонката со насобраниот рекет. Кај Заевци. Оној истиот кому никој жив не се осуди да му го ѕирне телефонот и со кого зборувал. Да не е радиоактивен можеби?  Ццццц…

Боки кажа, Зоки негираше, ама на сите им е јасно во чии братски раце е азното на ректираните.

Од друга страна, Артан Нежниот кажа дека Зокија, кој загуби 2016-та, насила го насадиле за да смени име и Устав. Ноќко Дончев го дотепа во видео во кое вели дека за парите кои ги зема знае и ЗЗ.

И сега, што не  е јасно? Кому не е јасно, има се уште некој во државава кој не сфати со кого си има работа? Па ова и претходно беа јавни тајни за ликот и неделото на Барон Муртинхаузен, сега само поткрепени со изјави на довчерашните му пајташи и другарчиња.

Ноќко, Тредичи и Нежниот само потврдија, ништо повеќе.

Арно ама, вадењето на вистината на виделина имаше и други нус-ефекти. Паниката од целосната демистификација и обелоденувањето на ајдучко-антинационалниот микс на владејачите, ги отвори и нивните криминални чакри.

Така, во паника од пораз, соочени со реалноста и брзата смена на адреса во штабот во Идризово, почнаа да фрлаат и вистински бомби. Да, онаа во продавницата на семејството Мисајловски. Прекрасна увертира на една кампања.

Добро, знаевме дека ќе гризаат, кубат, гребат, ќе удираат под пазуви, штипат и плукаат, ама дека и пред кампања бомби дека ќе фрлаат, мислам дека никој не се надеваше дека ќе одат дотаму, нели.

Епа, не се сомневајте во квалитетите и бомбашките манири на влaдејачиве, до гуша заглавени во криминалното подземје, од секогаш…

Давеникот се фаќа за сламка, сдсссовскиот очајник за бомби. Оти анкетите секојдневно им го прават тоа што Зоки им го правеше и прави на Лошила, Вилма и Љубо, ТРАС-ТРАС. Од земја… Време е истото да им го стори и народот.

И, уште еднаш, не им верувајте ништо на некрофилските лажговци. Прогозираа две илјади заразени од КОВИД-19, ви текнува кога се фаљотеа, малку пред да ја „победат“ короната? До денеска имаме над 5.016, а благодарение на нечија ултра-неспособност, бројката расте и ќе расте, за наша жал.

Не победија на избори, фингираа 27-ми април и формираа влада. Загубија на Референдум, сменија име. Тендери си исподелија, а рекет се изнакрадоа без усул. Венецијанска не им даде, си донесоа двојазичност. И последната битка, преку наш грб, ја губат со короната. Лузери, кои не’ уништуваа национално, сега не’ ништат и буквално.

И сега, има уште некоја дилема кој е ЗЗ? Јасно е ко Ден…

Пишува: Љупчо Цветановски

ВИДЕО: Директорот на Заев, Ден Дончев, фатен на камера како зема купче пари поткуп – Заев знаел за рекетот

Коментирај