Колумна на Ламбе Арнаудов: Го сакаш животот? Сакај ја Македонија! Сакај го народот!

0
1122

Секој од нас низ животот често пати бил прашуван. Што си? Одговорот е јасен, ЧОВЕК. Но исто така не ретко од нас било побарано. ДОКАЖИ.

На 30 септември се потврди најцврстиот и најмасовниот доказ, речиси безмалку на секој граѓанин на Македонија дека е ЧОВЕК. На тој ден мономенталноста на ЧОВЕКОТ не дозволи да биде изманипулирана од вашите ситни души и маленкост на домашни и белосветски лажговци.

Ни подготвивте референдумско прашање кое во потполност личи на прашање поставено на некој си татко. Дали ги сака своите деца, а при тоа за да докаже дека ги сака треба да им ја отепа нивната биолошка мајка. За да го изманипулирате сопствениот народот однадвор и одвнатре му подготвивте заседа и го изложивте на баражен вкрстен оган со вашата брутална и измамничка пропаганда и агресија на слободното мислење.

Слободата и правото да зборуваш она што го мислиш е премногу драгоцено за да остане закопано во вашите пропагадни материјали, билборди, флаери, фалсификувани историско, политичко правни книги. Народот во минатото не беше слободен да зборува, но затоа денеска ви одржа лекција што значи да се искаже неговата слободна волја без оглед на вашите закани. Народот храбро и одлучно го направи тоа за во иднина да можат да го прават и нашите деца.

Сопствениот народ заради тоа го нарекувате тврдоглав и будала ама не знаете дека сите добри работи на светот произлегле од храбри, тврдоглави будали, а не од вашите празни зборови напишани во книги, спомен плочи и споменици да ги читаат за да не бидат како вас предавници и лажговци. Народот добро знае дека компромис со вистината нема. А вистината е дека вие сакавте народот да изчезне и татковината да ја снема, затоа со народот компромис никогаш нема да имате.  Залудни ви се напорите да ја ограничите слободата на народот со тоа што ќе удрите по патриотизмот. Патриотизмот најмногу се доградува и манифестира кога ќе го ограничите особено со брутални затворски казни.

Како што Отецот, Синот и Светиот дух е свето тројство во христијанството така во општествениот живот свето тројство е демократијата, слободата и патриотизмот, при што демократијата и слободата се варијабилни компоненти во координативниот систем на животот. Некогаш ги има, често ги нема. Во зависност од носителите на власта можат да бидат мали, поголеми, ограничени, но никогаш доволни и целосни. Од друга страна непроменлива константа во системот е патриотизмот. Неговото величество патриотизмот е тој што го потикнува, го оснажува и постојано го надградува чувството за слободно, демократско општество. Категорички тврдам нема слобода, нема демократија ако нема патриотизам.

На тој светол ден кој ќе биде запомнет во историјата на македонскиот народ и силно изразениот патриотски дух достигна совршенство во напорите за изедначување на слободата, демократијата и патриотизмот во нераскинливо свето тројство. Нешто што досега не му успеало на ниту еден народ во светот, ако се земе во предвид крајно непријателските околности во пресрет на изјаснувањето и реализирањето на референдумскиот и постреферендумскиот процес. Ти благодарам народе, што ни го направивте посреќен, ни го разубавевте животот и ги комплетиравте нашите возвишени чуваства со твојата мудрост, непокор, истрајност и храброст, со што го восхитивте целиот слободољубив, правдољубив и милостив свет. Најмногу ви благодариме што го задржавте печатот на судбината во свои раце и гаранцијата дека засекогаш таму ќе остане. Од тука безмислена и неприфатлива е трампата што ја нудат џамбазите измамници патриотизамот да се менува за слобода и демократија затоа што тоа неминовно води во модерно робство.

Затоа Македонијо те сакам, затоа народе мој македонски те сакам како што го сакам животот.

Референдумот од Македонија направи место каде се открија новите седум светски чуда, ќе ги набројам, но редоследот нема никаква важност со значението, сите се подеднакво важни првото може да биде седмо и седмото прво.

Прво. Македонија, нашата вечна љубов, прва и последна. Ако се запрашаш сам или било кој друг зошто толку многу ја сакаш Македонија? Ќе има многу одговори, вакви такви, повеќето стереотипни, но најточен е одговорот дека Македонија се сака со се’ и заради се’. Се сака затоа што се сака. А кога сакаш затоа што сакаш не постои начин никогаш да ја отсакаш или да ја замразиш својата татковина. Тоа е најточниот одговор како патриотите ја сакаат својата Македонија.

Второ.  Народот горд непокорен исполнет со својата неизмерна љубов кон татковината, мудар и непогрешлив, секогаш спремен да те изненади и да ја открие лагата тогаш кога мислиш дека ти успеала. Ќе те казни за никогаш повеќе да не поигруваш со него. Израснат над сите со виско крената глава, мајсторски и најдобро ги игра натпреварите против најсилните противници и однесува пресудни победи во вечната борба за својот опстанок. Никогаш не се плаши да излезе на мегдан против било кого потпирајќи се секогаш само врз својата вредност без да размислува и анализира кој е и колку е силен противникот.

Трето.  ВМРО, ДНК на вечниот опстој на духовната неуништлива градба, внедрена во душата и телото на секој македонец. Нема да претерам ако кажам дека претходните две светски чуда во Македонија ќе ги немаше ако не беше ВМРО. Што повеќе да се каже?

Се извинувам, ќе го заборавев најважното. Вмровците се редок сој по многу нешта, но најважно за нив што за разлика од обичните христијани кои се причестуваат еднаш пред олтарите на светите храмови, вмровецот два пати се причестува , еднаш во црква соединувајќи се со телото христово и нговата света крв. Втор пат се причестува пред олтарот на татковината, соеднинувајќи се со народот и Македонија. Народот заради својата добрина е лебот, а Македонија се потоци и реки пролеана крв на безбројните млади животи за да го имаме ова што денес го имаме и никогаш нема да го дадеме.

Вие кои не сте вмровци ова не можете да го разберете и затоа ви порачувам не не застрашувајте, не ни се заканувајте и не ни претите. На маслат не ве ставаме.

Четврто. Тројцата од четирите свети апостоли, евангелисти на непокорот , самоодржување, дообликување и  безгранична доверба во себе. Почитуваните духовни апостоли, Груевски, Мицковски и Иванов, колоси на опстојувањето кои силно го почувствуваа гласот на народот, пулсот на нивните срца и бескајната љубов кон родот и родината. Им ги стопли душите на сите чесни македонци затоа што сето ова што го прават не го прават за себе за сопствена слава и за градење на лажни величини, туку за водење кон вистинска просветленост на својот народ со личен пример за саможртва.

Страдањата за својата татковина и сопствениот народ им се многу поголеми и подрагоцени награди од колку богатствата и привилегиите што ги носат предавствата.

Петто. Уставобранителите од 27ми април, тврдокорни, непоколебливи, блескава генерација на интелектуалци и патриоти врз кои ниту невидената агресија врз нивните телесно и духовно битие до степен на тектонски пореметувања на нивната рамнотежа и стабилност предизвикани од будалести обвинувања и брутални напади, во ниеден момент не ги поколеба во борбата и максималниот придонес за зачувување на образот на македонската интелегенција како авангарда на патот до усовршување на широкото демократско општество со изобилство на човекови права и слободи и филозофско политичко мисла во служба на својата татковина и својот народ.

Шесто. Меѓународната заедница и нивната мизерна инсталација во Македонија. Да расчистиме едно меѓународна заедница, самиот збор кажува дека е заедница на народи. Вие не сте ред на темплари или масонски ложи, иако повеќето од вас се ситни безначајни штрафчиња во машинериите кои се трудат да управуваат со светот. Ниту вие ниту домашната елита, ни пред референдумот ни потоа не ја научивте лекцијата дека компромисот што го правите некој со својата  сопруга некои со политичките елити е тотална промашена игра. Само компромис кој ќе ја испочитува јасно изразената волја на народот од 30ти семпрември може да донесе да бидат задовилни и двете страни. Да играш на карта со тоа што ќе извлечеш некој си изрод од народот и да му овозможиш да поверува дека тој е раката на господ или рајски мајстор кој може да попрви се, да го научиш секогаш да зборува во прво лице еднина, да се коцка за себе и да вложува се што е општонародно и свето, а прикажувајќи го како свое, нема компромис. Што е тоа се негово, а не е и наше за така безмилосно да го става на коцка?

Господо вие, јас и секој на светот сме многу кратка приказна. Народот е вечен недовршен роман, кој секој ден има нови поглавја секое пославно од претходното славно. Тоа е безвременско, уметничко литературно дело кое ќе не надживее сите. А тоа што го погазивте универзалното право на самоопределување нека ви послужи за чест. Да ве потсетам во етатистичка Југославија и во ортодоксно, комунистичкиот режим на СССР правото на самоопределување беше многу на повисоко рамниште отколку што денес кај вас е изразено во однос на мојата татковина.

Сакам да ја прашам Фрау Меркел. Зошто од 1961 година поминаа 30 години Берлинскиот ѕид не беше срушен? Нели постојано преговаравте со елитите, а тој остана грдо чудовиште на разделба на човечки судбини цели 30 години? Како тоа му успеа на народот истото да го направи само во една вечер? Ете тоа е разлика помеѓу елита и народ.

Седмо. Политичари домашни и странски, новинари, колумнисти, академици, писатели, глумци, спортисти, пеачи и аналитичари сите со заеднички именител КАТАСТРОФИЧАРИ. Луѓе кои прерано остареа, а предоцна или никогаш не се опаметија. Луѓе кои го допреа дното на човечкото достоинство и ја обезвреднија вредноста на честа и си ги запечатија своите политички, уметнички и професионални кариери. Некогаш се колнеа во својот народ, а сега го проколнуваат. Грдо се насамарија очекувајќи дека реата на нивните смрдени пелени откриени во зградата на Бихачка ќе го затрујат сиот народ. Се што им успеа таа смрдеа вечно да ја носат со себе и луѓето од далеку да ги избегнуваат за да не ги помирисаат. Црниот превез што дозволивте да ви го стават на очите покрај тоа што ве направи слепи има и голем психолошки ефект и ве прави да не знаете каде одите. Да не знаете каде одите и тогаш кога ќе го извадите нема да ја препознаете светлината затоа што мракот ќе ви го надвладее разумот. Реквиемот што му го подготвувавте на народот со вашите смешни пораки ве направи да бидате препознатливи по својата двосмисленост и вечно исмеани. Накитени сте со многу звучни титули, академици, доктори, професори ама по ова прашање паднавте на испит и сите заедно докажавте дека немате завршено ни втора година вечерна стопанска школа.  Долго време ќе им треба да проценат и да сфатат што ги снашло. Одговорот е тука меѓу вас, во секојдневието. Само треба да го слушнете, да го видите, да го почувствувате. Одговорот е НАРОДОТ.

Народот кој никогаш нема да се обесхрабри заколнат на вечна борба за одбрана од секој што ќе се обиде да го загрози неговиот идентите, интегритет, постоење и вековно име. Народот цврство верува дека се што прави за себе ќе остане гаранција за опстојување и среќна иднина на идните генерации.

Народе ти благодарам за 30ти септември. Ако благодарноста моја и делото што тој ден го направивте се оценува од 1 до 10. Од мене заслужувате 12-ка.

На крајот сакам да ве поздравам со една изрека многу често употребувана меѓу нашиот народ која гласи ,, Ако цел свет те сака, а дома не те сакаат ти си најмизерниот човек, ако цел свет те мрази, а дома те сакаат ти си најсреќниот и најбогат човек,,.

Елити! Мирното сенародно востание ви е објавено. НАРОДОТ ЌЕ ПОБЕДИ. Колку побргу се вразумите подобро за вас, нас воопшто не не интересира. Толку сте слаби и мизерни што не заслужувате да бидете противник на еден горд народ.

Пишува: Ламбе Арнаудов за Свест.мк

Коментирај