Колумна на Ламбе Арнаудов: Да живее 4 Јули – Денот на Бејлиевите пионери

0
727

Пред некое време напишав дека Македонија сега е железен кафез како дел од Голема зоолошка градина која се нарекува Глобален свет, во која Џеси меси, Џеси премеси, Џеси размеси, Џеси замеси, ама тогаш не знаев дека тој и ве облекува, соблекува и ви кажува како и  во која мера да се размножувате. Најмногу сум, сепак упалашен од ова последново, и онака ве има многу  предавници и велепредавници па уште да се намножете. Тешко народот. Тешко Македонија.

Секоја година на 29 Ноември сите второодделенци станувавме Титови пионери. Поточно речено на 8 години со црвени марами, плави капи со црвени петокраки и бронзени значки и сé до вчера незнаев дека за да станеш Џесијев кловн било потребно целосно да созрееш, да се стекнеш со потребното достоинство и самопочит, да навршиш минимум 40 години, да си актуелен или поранешен функционер. Навистина, критериуми, начела и принципи за должна почит и длабоко поклонение, тешко исполнив за лична и групна сатисфакција.

Но сепак сосема е јасно дека главниот и основен критериум без кој не може да се помине преку прагот на Американската Амбасада е нарачаниот стајлинг од светски познатиот стилист кој го преобразува забрзано целиот свет диктирајќи ја актуелната и футуристички екстравагантна и авангардна мода. Дали се фармерки, кошули, марами, каиш, трегери, кондури, чорапи или најчесто долниот веш, исто е. Го има истото значење на титовите црвени марами, плави капи со црвена звезда петокрака и значка. Дури и пораките се исти, апсолутна лојалност кон господарот изразена на денот кога се полага испит на зрелост. Ние на 8 години. Овие на 40 и повеќе. Но, не е случајно, колку си постар толку “попаметен“. Модата после поминате одреден број години повторно се враќа.

Напатен мој македонски народе, во минатото си имал лидери, обожувани народни трибуни, јунаци кои те воделе, те храбреле, те одржувале и што е најважно со лични примери на саможртва те учеле и ти покажувале како да го сакаш твојот народ, да го градиш и оддржуваш сопственото достоинство,  и пред сéда ја сочувашгордоста и исправеноста на твојата татковина. Заради нив сега сéуште имаме Држава. Заради овие денешниве визитари на Бејли лесно можеме да ја загубиме.

НАРОДЕ, Ти си стопан на твојата сермија. Ти нé храниш, ти нé облекуваш (не како Бејли туку како што сакаме ние). Ти нé школуваш, нé воспитуваш, нé градиш и изградуваш во вистински личности достојни за почит. Нé обезбедуваш, нé правишсигурни и безбедни,сериозно и со почит го негуваш минатото, ни ја обезбедуваш сегашноста, ни ја гарантираш иднината.

Елитата која Ти ја избираше минативе години, ја градеше, ја учеше, ја воспитуваше и ја подготвуваше да води, целосно потфрли. Те предаде. Незнам кој и каде згреши. Дали Ти како селектор направи погрешен избор со учени и недоучени, или пак тие елитните криво те разбраа. На потег си Ти мој Народе. Сетнината што ни надоаѓа е многу тешка и неизвесна. Не може никој да ја разреши освен Ти. Таа главна улога во овој црно бел филм ти е доверена од најголемиот и најславен режисер, Создателот. Не смееш да го разочараш. Убеден сум дека маестрално ќе ја одиграш, ќе ја вратиш Македонија на вистинскиот пат. За тоа ти се потребни три работи. Всушност првата сами си ја завршиле. Најголемиот дел од самопрогласената елитадокажа дека не е тоа за што се прикажува, туку членува во најниската лига на кловнови.

Втората е надежните да се обидеш и од нив да направиш каква таква придружна просечна или подизведувачка Елита.

Третата, најлесна, одбери си нова елита накитена со сите потребни нишани. Одбери го моделот и изгледот, насочи ја и дај и задачи. Беспрекорно ќе ти ги извршува ако совршеноста твоја народе со која те обдари Господ ја пренесеш на нив.

Одбери ја на исти начин како што Господ според себе си го направил ликот на човекот. Така и ти направи ја Елитата да личи на тебе.

Со исклучок на ретки периоди и со кусо траење Македонија имаше секогаш елита за гордеење и верба.

Време е за таква елита која ќе личи на ТЕБЕ како син на татко.

Македонија, вашата мајка сношти многу тешко ја навредивте, повредивте, ја пониживте и ја треснавте на земја. Ама таа ви е Мајка, родителка, доилка, воспитувачка, неизмерно ВЕ сака и ќе ви ги прости сите ваши прегрешенија, како впрочем секоја мајка и прави за своите чеда. Вие сте моментално одметнатиот и забеган дел од нејзиниот горд и храбар пород. Ве повикува назад во своите прегратки и ништо друго не бара од вас, да ја сакате и почитувате Вашата мајка Македонија како што благодарен син ја сака својата биолошка мајка.

Мајката да ја качиш на своите рамена и да ја носиш на пат околу светот и повторно да ја вратиш дома нема да и се оддолжиш за љубовта што ти ја дарува.

By the way, патем и самиот Џес е згрозен од вашето вазалување.И после ќе се чудиме на велепредавничкиот договор со Грција.

И не заборавајте боите на нашиот дрес се црвено жолти и понекогаш црвено црни. За потсетување, де. Комбинацијата плаво/бело/црвена со петокрака од пред 30 тина години ја имаме исфрлено од употреба.

Никој досега на гала прием од кого било организиран, ниту со декрет на било колкав моќник не создал нација. Тоа во никој случај нема да му успее ни на Заев. Македонската нација е создавана како и сите останати признати нации во светот по еволутивен пат, со движење, мешање и вкрстување со години, децении и векови и таква ќе остане за навек.

Македонска нација скроена по волјата на народот.

Пишува: Ламбе Арнаудов за Свест.мк

Коментирај