Колумна на Џејсон Мико: Нема правда, нема владеење на правото, нема консензус, нема доверба, нема…

0
1281

Би можел уште долго да редам, но не сакам да ве издепримирам. Има ли барем надеж за Македонија? Секако да. Мора да верувате во тоа дека има надеж за Македонија. Но само со надеж нема да стигнете далеку. Потребна е и акција и напорна работа. Но, да не избрзувам.

Нема правда: Владата на Македонија, помогната од амбасадата на САД во Скопје и во Стејт Департментот, заедно со нивните соучесници во ЕУ и НАТО, протуркаа илегален закон низ Собранието. Деталите за законот за јавни обвинители ви се познати, но поентата е дека со овој иронично наречен закон нема да добиеме правда во заробената држава Македонија.

Тоа значи дека нема да имаме ни владеење на правото. Во Македонија со години веќе нема владеење на правото. Клучен доказ за тоа е како актуелната Влада на Македонија, повторно помогната од амбасадата на САД и Стејт Департментот и нивните соучесници во ЕУ и НАТО го игнорираа исходот на референдумот на 30 септември 2018 за таканаречената промена на името, при што се служеа со апсења, закани, притисоци и други незаконски средства за да му го натурат ова решение на Собранието и незаконски да го сменат името и идентитетот на Македонија (//medium.com/@Miko_Janos/the-north-macedonians-cf8a692fda4c“>тука можете да најдете список кој покажува како Македонија и се што е македонско постепено стануваат „северномакедонски“)

Со игнорирање на владеењето на правото и при наметнување на овие одлуки низ Собранието, актуелната Влада на Македонија, повторно помогната од амбасадата на САД и Стејт Департментот и нивните соучесници во ЕУ и НАТО не се ни обидоа да постигнат консензус за исклучително важните прашања. Консензусот е одлика на демократијата и не неопходен за нејзиното функционирање, но актуелната Влада на Македонија, повторно помогната од амбасадата на САД и Стејт Департментот и нивните соучесници во ЕУ и НАТО ја игнорираше мислењето на луѓето со кои владее. Во Македонија едноставно нема консензус. А тоа ќе води кон катастрофа, како сега така и во иднината бидејќи без консензус нема доверба.

Не можете да имате верба во Владата на Македонија, ниту во институциите на демократијата, нема верба во САД или во американската Влада, ниту во Европската Унија, повеќето нејзини држави – членки, а секако не можете да имате доверба во НАТО. А тие пак сакаат Македонија, полна со Македонци кои не им веруваат, да стане дел од нивните клубови и нивен партнер? Тоа нема никаква логика. Довербата е лепилото кое го држи секое општество заедно. Изгубете ја довербата и општеството се распаѓа.

Дозволете ми сега да се вратам на надежта, на акциите кои се потребни, и на работата за Македонија. Сакам да верувам дека има надеж бидејќи алтернативата (а секогаш има алтернатива) е премногу страшна за воопшто да размислуваме за неа. Ангажиран сум во и со Македонија веќе четвртина век и имам видено периоди на безнадежност. Видов и периоди на мир, и растечки просперитет во Македонија, како и периоди на релативна стабилност. Низ овие периоди исто така сум видел како Македонците ги тргаат на страна нивните релативно мали несогласувања и работат заедно за доброто на Македонија. Видов Македонци како застануваат исправени и им велат „не“ на западните елити, видов Македонци како велат „верувам во Македонија“ и се борат за Македонија. Сето тоа почнува со надежта, но потребна е и акција и напорна работа.

Се што стори актуелната Влада на Македонија, повторно помогната од амбасадата на САД и Стејт Департментот и нивните соучесници во ЕУ и НАТО ќе им се врати како бумеранг или долго ќе ги прогонува во иднината, ќе избледне и пропадне ако и кога Македонците ќе покажаат дека ја имаат потребната храброст да станат и да се борат за тоа што е нивно. Македонија и Македонците ќе опстојат долг по исчезнувањето на оваа македонска Влада, овие СДСМ и ДУИ, овие дипломати во овој Стејт Департмент, овие претставници на ЕУ и НАТО од сцената. Ако и кога Македонците продолжат да ја сакаат Македонија и да се борат за својата земја, своето име, идентитет, јазик, наследство, традиција, култура и историја. Двапати реков „ако и кога“ бидејќи сум убеден дека Македонците ќе го сторат ова, бидејќи низ вековите Македонците покажале дека можат и ќе го сторат тоа.

Во својата книга „Чудната смрт на Европа“ британскиот писател, новинар и политички коментатор Даглас Мари вели дека „Европа врши самоубиство. Во секој случај изгледа дека нејзините лидери решиле да извршат самоубиство. Дали европскиот народ ќе реши да ги следи во ова, секако, е друго прашање“. Дали Македонците, како и Европејците, ќе ја следат оваа одлука на европските лидери да извршат самоубиство?

Пишува: Џејсон Мико за Свест.мк

Коментирај