Колумна на Џејсон Мико: Грчката пропаганда, нивните лаги и „вештачки концепти“

0
1013

Имам една гатанка за вас: дали можете да бидете пријатели, и да го продлабочите пријателството со луѓе кои ги сметате за „вештачки концепт“?

Всушност, ова не е вистинска гатанка. Едноставно, не е возможно – на човечко, духовно, интелектуално или било какво друго ниво – да бидете пријатели со некого или со некоја група ако ги сметате дека се „вештачки концепт“. Освен, секако, доколку вие самите себеси се сметате за „вештачки концепт“ и се согласувате со тие кои ве сметаат за такви. Повеќе за тоа подолу.

Еве што грчката Влада мисли за вас: Врз оваа историска основа, поранешната Југословенска Република Македонија ја прогласи својата независност во 1991 година, и го базираше своето постоење како независна држава врз вештачкиот концепт на постоење на ‘македонска нација’“.

Од една страна, добро е што Грците го ставија ова на писмено, за целиот свет да ги види како размислуваат. Македонците и тие кои ги следат македонските прашања одсекогаш знаеа за овие грчките ставови. Но, Грците ни направија мала услуга со објавувањето на овој став во официјален документ (како дел од подолго соопштение) на грчкото Министерство за надворешни работи.

Имајќи го овој нивен став, јас велам, нека одат по ѓаволите и сегашната Владата на Грција, и минатите грчки влади, и идните нивни влади. Нека одат по ѓаволите и професионалните елити во Грција, распоредени во нивните медиуми, во академските институции, во аналитичките центри, културата и уметноста, секаде од каде што се шири оваа лага. И после велат дека сакале „помирување и пријателство“ со Македонија и со Македонците? Не можете да бидете пријатели со народ и со нација кои ве сметаат за „вештачки“ „концепт“.

Точно, има и Грци кои не веруваат во ова. Но, малку се на број.

Сите знаеме дека Грците се морално и финансиски банкротирани. За малку ќе ја урнеа ЕУ, заедно со еврото, а глупавите функционери на ЕУ им ги исполнија сите можни желби за да ги задржат во ЕУ, бидејќи сакаа да го одржат митот за вечно растечката европска супра-држава, за суверената Европска Унија која ќе продолжи да ги вшмукува суверенитетот и животната сила на одделните национални држави и која ќе и служи на бирократската класа неизбрани и неодговорни политички првосвештеници, на професионалните елити кои веруваат во митот за усовршување на човештвото и во нивните експерименти со општествен инжењеринг за да ја остварат својата утопија изградена врз огромни количества државни евра.

Што правиме со оние Македонци кои очигледно целосно се согласуваат со грчкото Министерство за надворешни работи. „Да, така е“, велат тие, „ние навистина сме вештачки концепт и затоа продолжете да не газите со вашите чизми“. Меѓу нив, секако, се Никола Димитров, целата Влада на Зоран Заев и партијата СДСМ, нивниот избраник за претседател на Македонија Стево Пендаровски, заедно со нивниот коалициски терористички партнер ДУИ предводени од убиецот Али Ахмети. „Бунтовниците се банда убијци чија цел е да ја уништат демократска Македонија“ – цитат на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон за Би-би-си од 7 мај 2001 година.

Димитров и Заев се особени извештени во додворувањето пред нивните грчки газди. Најновиот чин на себе-понижување на Димитров се случи минатата недела при церемонијата за потпишување на договор за отворање на нов граничен премин каде тој порача дека му е задоволство што го потпишал договорот за отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос на три јазици – на македонски, грчки и англиски јазик и потоа додаде дека „македонскиот јазик го зборуваат грашаните на Република Северна Македонија и нашата дијаспора и не е поврзан со грчките Македонци според дефиницијата од член 7 од договорот од Преспа“.

Колку патетично. Но, Димитров знаеше дека мора да ја каже целата дефиниција бидејќи неговите грчки шефови беа до него и, доколку пропуштеше да ја каже целата реченица ќе му се налутеа и ќе одбиеа да соработуваат со него по некое ситно прашање или ќе преземеа мерки да го покажат своето несогласување со „вештачкиот концепт“.

Доколку Зоран Заев, Никола Димитров и сите други измамници во актуелната македонска Влада навистина веруваа дека се вистински Македонци, луѓе со долга и богата историја и култура, немаше да ги тераат разните институции низ Македонија да ја избришат придавката „македонски“ од своите имиња. Да неведеме само еден од многуте примери – Македонската Информативна Агенција наскоро треба да биде наречена со аморфното име Национална Информативна Агенција. Проблемот е во тоа, како што напишав минатиот јуни, изразот „на Република Северна Македонија“ не е придавка, и Грците согласно член 1 (ѓ) од Преспанскиот договор го сфаќаат тоа (а Владата на Зоран Заев очигледно се согласува со нив). Па така, во горенаведениот случај, Македонската Информативна Агенција, според договорот од Преспа, треба да биде или „На Република Северна Македонија Информативната Агенција“ или „Информативна Агенција на Република Северна Македонија“. Во секој случај, Владата на Заев признава дека ова е понижувачки пристап и затоа сега ја брише реалната придавка „македонски“ и ја заменува со безличното и празно име „Национална Информативна Агенција“, што претставува тотална капитулација.

Овие луѓе (одвај можам да го употребам овој израз за нив) се бесрамни кукавици, безбетници, заинтересирани само за минливите, илузорни и привремени награди и пофалби кои ги добиваат од западните фарисеи.

Владата веќе не смее да ја напише или изусти вистинската придавка – „македонски“, но тоа е само еден пример во забревтаното газење на слободата на говорот која ќе ја доживееме под таканаречениот Преспански договор. Други примери може да се најдат во приватната сфера: ако некој Македонец каже или напише дека „Грците се размазени лепешки“ и ако тоа го напише или каже во Македонија, тогаш, според член 6 од договорот Владата е обврзана да го пронајде и да го гони. Јас лично не ве повикувам да ги нарекувате Грците нешто што не се, но во слободно општество граѓаните треба да го имаат правото да го кажат тоа. Правото да се зборува слободно е многу поважно и многу позначајно од нивното „право“ да не бидат навредувани. Впрочем, не постои право да не бидеш навредуван, иако гледаме дека ЕУ очигледно се движи во таа насока со нејзиниот прогон врз таканаречениот „говор на омраза“, кој инаку не е постои (тука би го додал вообичаеното предупредување дека тоа што имате право да кажете нешто, не значи и дека треба да го кажете тоа – одговорноста и претпазливоста секогаш треба да се на цена).

Би додал уште нешто пред да заклучам. Грчкото МНР не мораше да го објави тоа соопштение за Македонците. Но, сепак го објавија, намерно, свесно, со цел да ги понижат Македонците и да се пофалат како имаат најголеми… гениталии во регионот. Детско однесување. Но, такви се Грците.

Доста беше. Одвај чекам Македонците, кои веруваат во Македонија, и кои се залагаат за Македонија, да се вратат на власт. Тоа треба да се случи час поскоро. Во меѓувреме, сите Македонци, каде и да живеат, како и нивните пријатели, треба да продолжат да ја поддржуваат промовираат и негуваат македонската нација, македонскиот јазик, култура, историја, традиција, наследство и се друго што ги прави Македонија и Македонците единствени во светот. Знам дека Македонија може да го стори тоа и дека Македонците ќе успеат бидејќи многупати порано сум ги видел Македонците како се креваат на висината на задачата. Време е да го сторите тоа повторно.

Пишува: Џејсон Мико за Свест.мк

Коментирај