Колумна на Бобан Нонковиќ: Каде ќе заминат 150.000 разочарани гласачи?

0
550

ИНФО ОД СОСТАНОК НА НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО НА СДС

Огромна партиска екипа е ангажирана да помага на израелска компанија за односи со јавноста што работи анкета на терен на неделно ниво во однос на предвремените парламентарни избори закажани за 12-ти април 2020 година. Според досегашните резултати од анкетите направени од Израелците за потребите на СДС, во моментов ВМРО-ДПМНЕ им води со 70.000 гласови разлика или седум до девет пратеници разлика!

Загрижени заради ваквата состојба на терен и (не)располпжението кај македонските граѓани, стратегиjата на СДС, односно на Зоран Заев и Дејвид Стивенсон е таа разлика да се намали до максимум три-четири пратеници разлика во корист на ВМРО.
За таа цел, Заев и неговата криминална екипа планираат корупција на гласачкото тело со 300 милиони евра од државниот буџет (зголемување на плати на државна администрација, социјални трансфери кон ранливи групи, поголеми и предвремени субвенции за земјоделци и сл.).

Плус на овој поткуп со државни, народни пари, криминалната група на Бихаќска околу Заев планира и црн кеш од 30 до 50 милиони евра (зависно колку ќе се изрекетираат бизнисмени и колку ќе се учипат “заинтересирани” граѓани и криминални групи) за директно купување на гласови од Роми и на цели албански села кои 2016, 2017 и на годинешните претседателски избори гласаа за СДСМ, а сега не сакаат да гласаат. Заев и неговите крими-компањони се убедени дека овие пари ќе завршат работа.

Според криминалниот план на СДС, ако се стигне до четири пратеници разлика со ВМРО (посакуваниот резултат е 52-48 во пратеници за партијата на Христијан Мицкоски), тогаш преку Стивенсон, но и преку италијанската Влада и дипстејтерите Метју Палмер и Филип Рикер и Еди Рама да се работи на тоа Али Ахмети и Зијадин Села (анкетите кај Албанците покажувале пата-пата можен резултат на ДУИ и на Алијансата) да му постават невозможни услови и барања на мандатарот Мицкоски, да се појави нова политичка криза што ќе роди посакувана концентрациска Влада (и ВМРО и СДС со се сите Албанци) која би терала цел мандат со мото: “Влада за влез во НАТО и преговори со Европската унија” или дури и нова Влада на СДС со сите Албанци обединета околу нова платформа за федерализација на Македонија!

И покрај ваквите желби на раководството на СДС, израелската ПиАр компанија дала прогноза дека според расположението на терен, најверојатно е СДС да загуби од ВМРО-ДПМНЕ со околу сто илјади гласови разлика (десет пратеници), што најмногу зависи од тоа дали партијата на Мицкоски ќе успее да го измотивира разочараниот гласачки контингент од околу 150 илјади Македонци (во однос на последните парламентарни избори во 2016 година) да излезат на гласање и да не апстинираат, а и ако излезат на 12-ти април догодина да го дадат својот глас за ВМРО.

***Ова е информација што ја добив, ниту нешто менував, ниту велам дека се согласувам или не со истата, туку само ја пренесувам, а кој и како сака нека ја разбере!

Пишува: Бобан Нонковиќ за Дудинка.мк

Коментирај