Колумна на Александар Даштевски: Нешто е труло во Законот за Јавно обинителство

0
386

Насловот потсетува на израз во драмата на Шекспир- Хамлет „Нешто е труло во државата Данска“. Но и реалноста е таква. Во тоа време драмите биле пишувани за да ги возбудат и импресионираат гледачите. Драмата на Законот за јавно обвинителство во Македонија, ја преврте наопаку целата македонска јавност. Овој израз и денеска се користи, посебно во политиката, особено кога се работи за валкана политика, корумпирана влада, корумпиран лидер или политичка партија во една држава.

Но да се вратиме од почеток. За овој закон почна да се зборува пред една година, кога експертите беа при крај со нивната работа. Тогаш беше предвидено СЈО да премине во законот, како уште едно обинителство, покрај другите. Се сеќаваме како поранешниот премиер Зоран Заев се залагаше на прес конференции не само да премине како државен орган, туку и сите обвинители да останат, а да го води Катица Јанева, што би било преседан во овој (но и во било кој закон) да се предлагаат персонални решенија. Во почетокот на Јуни кога почна да се шушка за најголемата афера од осамостојувањето на Македонија до денес „Рекет“ која го руинира правосудството, владеењето на правото и правна држава долгорочно, законот беше ставен во фиока.

Поради инсистирање на нашите европски партнери тој стана повторно актуелен, но сега со друго персонално решение. Оделението за гонење организиран криминал и корупција при Републичкото Јавно обвинителство, да ги преземе сите надлежности од СЈО, да има повисоки овластувања и од Републичкото јавно обвинителство, исто така, сите обвинители од СЈО да преминат во тоа сега ново Основно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а на чело на тоа обвинителство да биде Вилма Русковска. Нормално дека тоа ниту го предвиделе експерти, ниту е во склад со европските вредности, ниту е дозволено со закон да се предвидуваат персонални решенија и не само тоа, туку ВиРус како што ја арекуваат на социјалните мрежи оваа обвинителка била блиска десет години до таканаречениот „Режим“, а потоа учествувала во „шарената револуција“, сега испорачува за актуелната власт, што е спротивно не само на тој закон, туку и на другите закони од областа на кривично право. Тоа ли се европски вредности? Нормално постапката повторно се исколмплицира.

По долги преговарања позиција- опозиција беше закажана јавна дебата на 28.01.2020 за фамозниот предлог- закон, кој власта цело време го криеше. На самата дебата сите експерти,без исклучок, беа согласни дека законот не е добар и дадоа сугестии за промена на над 50 члена во законот (околу половина од вкупниот број) кои треба или да се изменат или да се избришат, за да дојдеме до солидно решение, да не речам „европско„. Таа расправа траеше два дена и заврши пред скоро две недели. Иако целокупната јавност разбра дека мора да се направат измени во законот, владејачката партија не сакаше да смени ниту еден член. И кој е сега виновен за тоа, а кој сака да го заштити својот криминал, за да се амнестира?

Од тогаш па до денес 11.02.2020 власта наместо да бара консензус, таа се обидува на сила, со притисоци, закани и уцени да го истурка овој закон иако, како што кажа еден од експертите кои учедтвувале во неговото подготвување „овој текст е брука“. Повеќе амбасадори, меѓу кои и францускиот рекоа дека не е важно само да се донесе законот туку и на кој начин ќе биде донесен. Но очигледно дека на некој многу му гори под нозете. Предпоставувате на кого!

Со оглед дека во предходниот такст беа напишани главните забелешки ќе се осврнам само на Членот 110 од законот. За него беше кажано од сите експерти дека не треба да стои во овој закон бидејќи е предмет на Законот за кривична постапка. Регулрање на прашање од областа на еден закон со друг закон е спротивно и на уставот, па така според неколку члена овој закон е и противуставен. Но во обезбедувањето на подобра иднина тој текст кој беше предвиден во Член 110 и кој гласеше: Материјалите од незаконското следење на комуникациите од надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите кои не се предадени како докази во судовите се чуваат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Материјалитете од ставот (1) на овој член по истекот на три години по правосилното завршување на постапките ќе бидат уништени согласно одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки, согласно закон.

Записниците за уништување се доставуваат до јавниот обвинител на Република Северна Македонија, од каде недвосмислено се гледа дека не му е местото тука, преку ноќ е променет и сега гласи: Јавното обвинителство не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушувани материјали. Исклучок од став (1) од овој член се предметите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесени до надлежен суд до 30 јуни 2017 година. Материјалите (снимките) и транскриптите од материјалите од незаконски прислушуваните материјали за предметите покренати до 15 септември 2019 можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог и истите не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката по поднесениот обвинителен акт или обвинителен предлог.

Материјалите од став (3) од овој член ќе се уништат во рок од три месеци по завршување на постапките по вонредни правни лекови на предметите од став (3) согласно одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки утврдени со закон. Записниците за уништување се доставуваат до јавниот обвинител на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Сите останати материјали (снимки) и транскриптите од незаконско прислушуваните материјали кои не се предадени како докази во судовите и кои не се дел од предметите кои се во фаза на истрага согласно став (3) од овој член, не можат повторно да се преслушаат и да се употребат во било која постапка и се уништуваат во рок од три месеци по завршување на постапките по вонредни правни лекови на предметите од став (2) од овој член, согласно одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки утврдени со закон. Записниците за уништување се доставуваат до јавниот обвинител на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Ова е многу полоша варијанта од првата, па тој наместо да се избрише оди до крај со незаконско и противуставно регулирање на една материја со која трба да се заштити во потполност корупцијата и организираниот криминал на власта.

Тоа исто покажува дека на власта воопшто не и е до ЕУ и европски вредности, туку и е поважна сопствената безбедност, на штета на граѓаните, владеење на правото и правна држава. Не ова не е брука ова е перверзија!

Пишува: Проф.д-р Александар Даштевски

Коментирај