Колумна на Александар Даштевски: КОРУПТИВЕН МЕНТАЛЕН СКЛОП

0
242

Отворам „Facebook” сабајле на 29 Март и гледам ми излегува текст на порталот „Либертас” со некој лик (прв прат го гледам во животот), долу се потпишал како „Душан Димитров”, а не сум ни фан на порталот, кој е во сопственост на член одрекетарската група на Боки 13. Веројатно платиле текстот да биде повеќе читан, и во текстот тој лик прави анализа на мерките кои ги предлага  Христијан Мицковски за справување со економската криза, која поради недомаќинско идушманско трошење на парите од буџетот од страна на СДС, а од пустата желба за победа на избори, ја довела земјата до банкрот.

Да биде клиентелизмот на ликот поинтересен, тој воопшто не ја ни гледал прес конференцијата, туку „наводно” ја прочитал на порталот plusinfo.mk, тоа веројатно за да го девалвираат Геровски, бидејќи ако не се лажам тој портал е негов. Но на таков начин се девалвираат самите себе си, бидејќи коментираат нешто што не го ни гледале.

Ај што не го гледал пресот, туку спинува само три работи кои му одговараат само нему, а немаат врска со тоа што навистина е кажано и што е суштинско во текстот. Тој не прави компарација со состојбите во регионот или во светот, туку се обидува да девалвира сериозни економски мерки, за кои како што кажа Христијан на конференцијата му ги потврдил неговиот советник за економија, еден од најеминентните економисти во светот Хозе Караско од Мадрид.

Слушнавме дека владата на СДС злонамерно трошела во претходниот период, што во буџетот фалат според изјавата Зоран Заев 1.300.000.000 евра (оваа сума постојано ја зголемува), а според поранешниот потпретседател на владата Кочо Анѓушев, 2 милијарди евра. Можеби тоа и највеќе боли, бидејќи во пресот кој што ликот од почетокот на овој текст не го гледал, се спомнува дека состојбата дополнително е влошена поради тоа што не се мислело за до крајот на годината, туку се поткупувале различни целни групи, бидејќи изборите им биле пред се и над се.

Иако суетата треба да се стави на страна, сепак таа највеќе боли, бидејќи е вистина. Но, во што се состојат предлозите на Христијан Мицковски. Бидејќи средствата од заемите на ММФ и Светската банка нема да стигнат до крајот на првата половна на Мај, за наредните неколку месеци наместо благајничките записи да бидат запишани државни хартии од вредност, кои ќе ги издаде Министерството за финансии, а ќе бидат обновувани и продолжувани секој месец. На тој начин ќе се стерилизираат 25 милиони денари ликвидност на банките.Втора важна работа што ја понуди на пресот е средствата кои што биле уплаќани во вториот задолжителен  приватен пензискифонд, да бидат пренаменети и од 1-ви април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд, со што ќе бидат обезбедени дополнителни 10 милијарди денари, кои ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите.  Ете тоа не го разбира ликот од почетокот на овој текст или некој му кажал намерно да го толкува погрешно.

На крајот им упатува порака, да не креваат „Паника”, бидејќи таа може да биде најопасна за економијата и  да предизвика многу поопасна состојба за економијата, од било која друга погрешна постапка. Исто така, Мицковски ги повикува да разговараат сите заедно и да направат оценка што е најдобро за државата во овие тешки мигови. Тоа го предлагаат сите економски експерти и стопанските комори во Македонија.

Јасно СДС не сака ни да ги погледне мерките, туку во свој стил дрско и надмено ги омаловажува. Но дали е само тоа причината? Секако дека не! Тоа не е толку наивно. Се зборува дека , мерките што ги предлага Претседателот на СДС, наместо да ги предложи на надлежната институција, ќе бидат слични како оние на делење буџетски средства на партиски функционери преку Фондот за иновации. Тоа е тој ментален коруптивен склоп, од кој СДС не може да се откачи. Тоа е нешто што генетски го поседуваат и од кое нема начин да се ослободат.

Овие денови се уверивме дека и од оваа светска катастрофа, ликовите од власта повторно сакаат да профитираат. Од бразилските респираторина Венко Филипчетребаше да се направи проневера на буџетски средства за повеќе од 1 милион евра, а сведоци сме на средствата за тестирање за Корона вирусот, кои во приватната болница Жан Митев чини 1500 денари, во Систина – 1200 денари, а во државните- ФЗО ја наплаќа оваа услуга за дури 4950 денари, што е во најмала рака морбидно решение. Но не е само тоа. Гледаме дека овие денови се профитира и од Хуманитарните летови, за што менаџирањето му е доделено на веќе обвинетиот за корупција во случајот “Леонардо” Драги Рашковски. Овој лик, кој сега е заштитен од власта, допрва ќе се соочи со последиците од неговата дрскост и нехуманост.

Поради ова пукна филмот во најголемата опозициона партија, која во јавен интерес мораше да ги објави информациите за провизиите кои ќе бидат поделени поради коруптивниот начин на превоз на патниците и нивниот нехуман третман за време на тие превози.  Претседателот на најголемата опозициона партија, не можејќи да го поднесе овој безобразлук,  директно му се обрати на генералниот секретар на Владата дека ќе одговара за ваквите коруптивни постапки, а овој без трунка морал, му одговара уште подрско, со препорака сите докази кои ги поседува да ги поднесе до обвинителството и надлежните судови.

Неспорно е дека претставува должност не само на политичка партија, туку и секој граѓанин мора да го пријави криминалот за кој поседува докази, но исто така е неспорно дека јавноста мора да биде информирана за сите криминални и коруптивни активности, како што сега тоа го прави опозицијата во интерес на граѓаните. Во никој случај не се работи за вршење на притисок од страна на опозицијата. Се разбира, наскоро ќе дојде крај на “трас трас” правосудството и сите криминално-коруптивни случаи Рекет 1, 2, 3 и уште неколку ќе бидат процесуирани, како и сите други кои веќе се започнати, но засега стојат во фиоките на обвинителството или надлежните судови ќе бидат.

Пишува: Проф. д-р Александар Даштевски

Коментирај