Колку време поминуваат тинејџерите пред екран секој ден?

0
187

Истражување спроведено на 2600 деца на возраст од 8 до 18 години, покажа дека тинејџерите секојдневно поминуваат 6,5 часа пред екраните. Дополнителни 2 часа поминуваат слушајќи музика или читајќи.

Тинејџерите пак, на возраст од 8-12 години трошат 6 часа на ден на забавните медиуми, a 4.5 часа поминуваат само прeд екраните (тв, компјутер, таблет итн).

Ниту едно од овие резултати не го вклучува плус времето кое тие го трошат пред екраните додека се на училиште, тоа значи дека бројките се всушност поголеми.

Ако просечниот тинејџер оди на училиште од 8 наутро до 14:30 попладне и спие 8 часа во текот на ноќта тоа значи дека тој/таа поминува само час и половина правејќи нешто друго надвор од допирот со медумите или училиштето.

„Големото влијание на медиумите и технологијата на која се изложени децата дава јасно знаење дека децата поминуваат многу повеќе време користејќи ги од било што останато во нивниот живот“, вели основачот на Common Sense Media, Jim Steyer, за групата која го спроведе истражувањето на оваа тема.

„ Ова ги вклучува родителите, децата, професорите, пријателите, вели тој. Ова е активност број еден на децата во Америка“.

Common Sense Media е непрофитна организација основана во Сан Франциско и служи за спроведување на вакви студии на секои 5 години.

Резултатите се спроведуваат со тоа што се мери користењето на медиумите секојдневно од страна на тинјџерите и возрасните.

Истражувањата вклучуваат мерење на времето кое тие го трошат на неколку активности притоа сметајќи исто така колку пораки исраќаат од мобилните телефони за да добијат резултат колку време поминуваат пишувајќи на нив.

Оваа организација споделува некои од клучните работи поврзани со IT.

Според студиите спроведени од Psychology Today, се докажува дека гледањето во екран може да ја наруши структурата и функцијата на мозокот во развојот на тинејџерите. Гледањето во екраните цел ден може да наруши делови од мозокот кои го контролираат емоционалниот процес, центарот на стигање на информации и однесувањето со околината.

Коментирај