Колку сте свесни за штетното влијание на сончевите зраци

0
67

Штетното влијание на сончевите зраци е одамна утврдено. Најголем дел од белите луѓе покажуваат голема сензитивност пред 50та година од животот,а во значаен пораст е и појавата на карцином на кожата.

Околу 80 % од изложеноста на сонце во текот на животот е во рамките на краткотрајно излегување без намера за сончање, а сепак изложеноста е голема.

Податокот кој загрижува е дека е забележан пораст на часовите кои луѓето ги поминуваат на сонце со цел да ја потемнат кожата, односно тоа го прават и на вештачки начин преку солариум и кварцни лампи.

Најзначајнитe штетни последици ги предизвикува УВ зрачењето и УВА и УВБ спектарот.

Штетното влијание на УВБ зраците предизвикува опекотини и црвенила, кои ја оштетуваат ДНК-та, а оштетена ДНК води кон настанување на карцином на кожата.

УВА зрачењето продира длабоко во кожата и е причина за хронично оштетување на кожата. Нивното штетно дејство е кумулативно, со години насобраниот ефект на сончање, односно оштетување на кожата.

Потребна е голема внимателност во текот на овие летни денови и постојана заштита од сонцето, посебно во текот на активниот ден од 11 до 17 часот.

Коментирај