Колку сакаш кошкај ја, корни ја, пак не умира – ништо не ја ништи таа трева!

0
1254

„Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“

Петре М. Андреевски – Пиреј, 1980 година

800px-Illustration_Elytrigia_repens0 пиреј коштрева

Пиреј или „коштрева“ (науч. Elymus repens) — многу застапено повеќегодишно растение од фамилијата на тревите (Poaceae) автохтоно во Европа, Азија, на Арктикот и во северна Африка. Пренесено е и во други северни краишта со умерена клима, како фуражна култура и за спречување на одрони.

Пирејот во целиот свет се смета за инвазивен коров и е многу тежок за отстранување бидејќи ризомите се преплетуваат со корените на другите растенија. Дополнителна потешкотија задава фактот што секој откинат ризом потоа се развива во посебно растение.

Растението има ползечки ризоми со чија помош се брзо се шири низ тревнатите површини. Има сплеснати влакнести листови со исправени цветни шилести класчиња. Стебленцата растат до висина од 40–150 см. листовите се прави, со должина од 15–40 см и широки 3–10 мм при основата на растението, а оние повисоко на стебленцата се широки по 2–8,5 мм. Цветните класчиња се долги 10–30 см со боцки долги 1–2 см, широки 5–7 мм, а дебели 3 мм и имаат 3-8 цветчиња. Плевата е долга 7–12 мм и обично нема осил или има мошне краток.

Цвета од крајот на јуни до крајот на август (на северната полутопка).

Извадок од романот Пиреј – издавачка куќа ТРИ

Пиреј на ВикиКниги

Коментирај