Колку е навистина здрава попладневната дремка?

0
583
Happy woman laying on bed

Едно ново истражување покажува дека попладневното спиење, кое е подолго од 40 минути, го зголемува ризикот од предвремена смрт.

Ова истражување кое опфатило преку 300.000 луѓе, открило дека попладневната “дремка“ има влијание при развојот на метаболичкиот синдром, вклучувајќи прекумерна тежина, висок крвен притисок и зголемен холестерол.

Според истражувањето, кога спиеме попладне подолго од 40 минути, нашето тело смета дека е во состојба на длабок сон, што значајно влијае на метаболизмот.
Всушност, дремката ги прави луѓето многу поуморни, отколку што навистина се.

Затоа, според докторите ако веќе морате да дремнете попладне, гледајте тоа никако да не биде повеќе од половина час.

Коментирај