Колку долго треба да се задржат велигденските јајца на нашата трпеза.

0
382

Варените јајца имаат значително пократок временски период од свежите и не треба да се чуваат како декорација на масата.

Експертите предупредуваат дека варените јајца имаат значително пократок рок во однос на свежите. Основно правило е дека јајцата треба да се чуваат во фрижидер по готвењето, а не во кошницата на масата, како што се практикува кај нас.

Кога треба да се повлечат велигденските јајца од трпезата?

Тешко е да се процени колку јајца треба да се приготват за Велигден, но во повеќето случаи велигденските јајца остануваат подолго отколку што треба.

Ако јајцето остане на собна температура повеќе од два часа, станува подложно на размножување на бактерии.

Како резултат на тоа, се јавува труење. Со процесот на готвење, заштитниот слој се отстранува од јајцата. Без него, јајцето станува “ранливо” и е изложено на воздух, температура и бактерии.

Секоја година по Велигден, најмалку двапати повеќе пациенти се јавуваат со симптоми на гастроентеритис, познати како “труење со стомакот”. Симптомите може да варираат – од блага непријатност, гасови, промени во варењето до тешка гадење, повраќање и дијареа.

Ако јадете јајца на собна температура – јадете ги истиот или најдоцна следниот ден, додека во фрижидерот, јајцата се безбедни до шест дена.

Коментирај