Колев: Г-не Поповски, зарем сеуште сте министер?

0
117

– Со разочарување прочитав дека наместо да застанете пред општеството на прес и да си поднесете оставка поради морална и етичка одговорност, вие како министер сте пуштиле соопштение со кое сакате да ја убедите јавноста дека сите информации за случајот се достапни и на време објавени, вели Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократската Унија на Македонија, на почетокот од своето отворено писмо до министерот без ресор, задолжен за транспарентност, Роберт Поповски.

Г-дин Поповски, немојте да мислите дека нашите сограѓани се со толку кратко паметење.

Цела недела немаше ниту едно соопштение или прес-конференција ваша или на вашиот колега Спасовски или портпаролот на МВР со која ќе се потврди инцидетот и ќе се дадат детали за тоа што се случило.
Секојдневно се пуштаат информации за секакви крими случувања, но за ова немаше ништо иако е брутално убиство.

За моја огромна жал сум убеден дека ако Саздовски успееше да се избори за живот и до денеска немаше да се знае за овој трагичен настан.

Нема да пропуштам да го спомнам и фактот дека некој дали намерно или случајно објавените информации за настанот ги нарекоа фејк-њуз.

МВР и другите институции треба да си ја завршат работата. ОЈО мора внимателно да го формулира обвинителниот акт и тука нема дилеми, бидејќи револтот на граѓаните ќе се насочи и кон нив!

Ако припадниците на МВР успеале да уапсат двајца од тројцата извршители, вие како министер за „транспарентност” мислите ли дека сте си ја завршиле професионално и на ниво вашата работа за која земате плата од нашите даноци?!

Кога сте спомнале дека трагедиите не треба да се политизираат, делумно сум согласен со вас. Ќе ве потсетам на случајот со Тамара и Мартин, тогаш и вие и јас викавме по улиците ОСТАВКА. Јас и денеска кога се случи овој немил настан со Никола пак барам ОСТАВКА на основа на истите убедувања и принципи. Што се случи со вашите убедувања и принципи?!

Сето ова започнува да ме потсетува на едно време кое мислев дека одамна е минато за Македонија, онаа Македонија која смело чекори кон ЕУ и НАТО!

Нема правда, нема мир г-дине Поповски!
ОСТАВКА!

Коментирај