КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ: Со малку весела математика Комисијата укажа „За џабе си ги вакцинирате децата“

0
213

КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ?

„Комисијата укажа дека само со колективен имунитет, или 95 отсто вакцинирано НАСЕЛЕНИЕ со МРП вакцината, ќе може да ја спречиме епидемијата и смртноста кај населението“.

Со малку весела математика може да се заклучи дека Комисијата укажа: за џабе си ги вакцинирате децата.

Согласно податоците на Државниот завод за статистика од 30.6.2018 година, вкупното НАСЕЛЕНИЕ во Македонија во 2017 е 2.074.502 жители.

Еве нека претпоставиме дека откако е почната вакцинацијата против мали сипаници сите деца БЕЗ ИСКЛУЧОК се вакцинирале. Вакцинацијата е воведена во 1972. Оттука сите лица кои имаат повеќе од 46 години (во 2017) не се вакцинирани (вкупно 801.779 или околу 39%). Се до 1987 година децата се заштитувале со една доза вакцини. Оттука сите лица кои се на возраст 31 – 45 години (во 2017) се вакцинирани со 1 доза и не се заштитени (вкупно 470.222 или околу 23%).

Следствено, ако не постоеле “АНТИ-ВАКЦИНАШИ“ и ако заборавиме дека:
– одредена група на деца поради здравствени причини не смее да се вакцинира (онаа која сакаме да ја заштитиме)
– кај некои лица вакцината „не фаќа“ односно телото нема да развие доволен број на антитела.
– децата до 1 година (или 6 месеци) не се вакцинираат.
максималниот опфат на НАСЕЛЕНИЕТО со вакцина за МРП во моментов може да биде најмногу 39%.

Слободно додадете и одземете до 95% никогаш нема да стигнете.

Бидејќи Комисијата укажа дека за колективен имунитет опфатот треба да биде најмалку 95%, вие за џабе си ги вакцинирате децата. Ем нема да спречите епидемија во НИКОЈ СЛУЧАЈ, ем нема да помогнете на децата со имуно на-компромитиран систем (како што милуваат да се изразат), ем нема да помогнете на постарите лица, ем нема да помогнете на бебињата, ем ќе си ги изложите децата на ризиците што ги пишува самиот производител, ем нема да си ги заштитите децата од морбили (нели нема колективен имунитет, а вакцината има смисла само тогаш), ем одредени родители се бламираат по интернет преку ширење омраза и повикување на линч за родителите кои се свесни за сето ова.

Фејсбук објава

Komentari-majka-morbili-dete-Sv-Nikole

Коментирај