Колач со ореви

0
297

Состојки: 
– 3 филџани брашно
– 1 филџан вода
– 1 1/2 филџн јаболка
– ½ филџан масло
– 1 филџан шеќер
– 1 филџан ореви
– 1 лажичка цимет
– 1 прашок за пециво
– масло – за намрсување на тавата
– брашно – за посипување на тавата

Подготовка:
Исејте го брашното и ставете го прашокот за пециво внатре. Промешајте и оставете го некое време на страна и за ова време излупете ги јаболката и изрендајте ги. Оревите измелете ги. Во нив ставете ја водата, шеќерот, маслото и промешајте со рачна мешалка. Потоа додадете го циметот и промешајте повторно. Откако ќе измешате добро, додадете ги брашното, јаболката и оревите. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса.
Ставете ја смесата во тркалезна тава намрсена со масло и посипена со брашно. Печете во загреана рерна на 180 степени до подготвеност.

На здравје!

Коментирај