Колач со модри сливи

0
794

Состојки: 
180 гр. путер
250 гр. брашно
1 лажиче прашок за пециво
180 гр. шеќер
2 јајца
150 мл. млеко
1 пакетче ванила
150 гр. суви сливи

Подготовка:
Путерот(180 гр.), шеќерот (180 гр.) и јајцата (2) мешајте ги до добивање на хомогена смеса. Кон неа потоа додадете го свежото млеко (150 мл.) и однапред измешаната смеса од брашно (250 гр.), ванила (1) и прашокот за пециво (1 лажиче). Мешајте со миксер се додека не добиете хомогена смеса.

Во правоаголна тава ставете хартија за печење, да се покрие дното, и ѕидовите на садот. Во тавата ставете дел од тестото па рамномерно посипете  од сувите и ситно сечканите сливи и повторно ставете дел од тестото. Тоа се повторува 2 или 3 пати до исцрпување на количините. Завршете со слој од тесто.

Десертот ставете го во загреана до 180 степени рерна и печете околу еден час.
По желба врз колачот можете да ставите слатко или сецкано свежо овошје.

На здравје!

Коментирај