21 C
Скопје
вторник, август 14, 2018
Вести „Кокаинската убавица“ заврши зад решетки- шверцуваше дрога заради популарност на Инстаграм (ФОТО)

„Кокаинската убавица“ заврши зад решетки- шверцуваше дрога заради популарност на Инстаграм (ФОТО)

0
282

Канаѓанката Мелина Роберж (24), позната под прекарот „кокаинската убавица“, е осудена на максимална затворска казна од осум години, за нејзиното учество во внесување на безмалку 24 килограми кокаин во Австралија, пренесува австралиската телевизија Еј-Би-Си Њуз.

Таа беше уапсена на 28 август 2016 година, кога австралиската гранична полиција изврши рација на луксузниот брод „Морска принцеза“, додека беше закотвен на пристаништето во Сиднеј, при што ја пронајде дрогата.

Тогаш 22-годишната девојка учествувала во пренесување на кокаинот вреден 21,5 милиони долари, во текот на крстарење низ светот.

Таа се надевала дека преку фотографиите од луксузното патување ќе стекне популарност на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Судијката Кејт Трејл, која го водеше процесот, го прифати „искреното каење“ на Роберж, која ја призна вината пред судењето. Престапничката ќе мора да отслужи барем четири години и девет месеци од предвидената казна, а предвид ќе биде земено и времето поминато во притвор. Таа ќе има право да побара условно ослободување во мај 2021 година.

Роберж имаше двајца соучесници, Изабел Лагасе, која доби затворска казна од седум и пол години и Андре Тамин, кој ја очекува пресудата до крајот на годинава.

„Кокаинската убавица“ ја дочекала пресудата во солзи, објавуваат медиумите.

Коментирај