Кој е традиционален скопски специјалитет

0
186

Секој град во Македонија си има свој посебен специјалитет по кој е добро познат. Најпознат специјалитет на главниот град е симит погачата. Да бидеш во Скопје, а да не ја пробаш, исто како и да не си бил… 

Симит-погачата е исклучив скопски специјалитет, еден од ретките деликатеси што се прави и продава речиси исклучиво во Скопје. Ако и постои некој град низ Републиката каде што се продава симит-погача, тогаш бидете сигурни дека мајсторот е дојден од Скопје или барем дека занаетот е пренесен од тука.

Симит-погачата е оригинален производ, а да бидеме искрени најдобрата се јаде токму тука.

Синтагмата леб во леб можеби најдобро може да го отслика значењето што го емитира. Таа по состав е иста тесто со тесто, а сепак сосема различна и најдобро е кога тие различности се споени во едно, кога се сфаќа дека тие не се исклучуваат и оти само заедно се ефикасни, полезни и вкусни.

Духот на Чаршијата е јадрото на урбаната култура во Скопје и во земјата. Таа секогаш била и ќе биде центар на толеранцијата на соживотот, солидарноста, професионалните еснафски односи.

Симит-погачата е исклучив скопски специјалитет, еден од ретките деликатеси што се прави и продава речиси исклучиво во Скопје. Ако и постои некој град низ Републиката каде што се продава симит-погача, тогаш бидете сигурни дека мајсторот е дојден од Скопје или барем дека занаетот е пренесен од тука.

Тука доаѓаме и до разрешувањето на „вечната“ скопска дилема: кој дел е симитот, а кој – погачата? Симитот е збор со турско потекло (како, впрочем, и погачата) и означува печиво. Во случајот, значи, станува збор за лепчето, односно кифлата. Погача, пак, на турски е пита (Турците не го изговараат она „г“ или го изговараат многу меко, па нашето уво го слуша како „поача“), што ќе каже дека погачата е питата, односно празниот бурек.

Значи, симит-погачата е сендвич составен од лепче (кифла) и од мрсна пита без заире (сирење, месо или слично), која неодоливо потсеќа на бурек.

Симит-погачата е врвот на мултикултурата. Скопјаните секогаш остануваат скопјани – толерантни и трпеливи, чекајќи на ред и мирисајќи го својот скромен и прекрасен специјалитет, нејзиното височество: симит-погачата!

Извор: СкопјеИнфо

Коментирај