Кој е најдобриот фудбалер во светот според Гвардиола?

0
504

Пеп Гвардиола го чека тешкиот новогодишен распоред во Премиер лигата, но сепак новинарите го прашаа и за тема што не е директно поврзана со Англија и неговиот клуб.

Британските медиуми се интересираа и за тоа кој е најдобриот фудбалер на светот и кој ја заслужи повеќе Златната топка, Меси или Роналдо.

„Лео е најдобар бидејќи неговата игра не е подредена само на него, туку затоа што игра најдобро, создава голови и знае како да ја подобри играта на фудбалерите околу него. Исклучително многу ги почитувам сите големи фудбалери, Роналдо е топ фудбалер, но Меси е класа за себе и мислам дека тој е на сосема друго ниво“ – вели Гвардиола.

Коментирај