Кои витамини се неопходни за поздрав и посреќен живот?

0
126

Ако внимавате за тоа во телото да внесувате доволно витамини- ќе се чувствувате и ќе изгледате подобро. Ова е краток водич за витамините кои ни се неопходни.

Витамин А

Заслужен е за: убава коса, младешки изглед на кожата, здрави нокти, добар вид и силни коски. Тој може да се најде во морковот, цитрусното овошје, сирењето, млекото, јајцата, рибите, магдоносот, спанаќот и црниот дроб.

Витамин Б1

Заслужен е за : квалитетна работа на мозокот, добро варење, здрави мускули, здраво срце и квалитетен сон.

Тој може да се најде во пивскиот квасец, свинското месо, јаткастите плодови, овесот итн.

Витамин Б2

Заслужен е за : регенерација на клетките, добар вид и здрави мускули

Може да се најде во млекото, бадемите, јајцата, хељдата, свежото сирење, квасецот и месото.

Витамин Б5

Заслужен е за :  добра меморија, весело расположение, брзо опоравување по разни заболувања, добар крвоток и здраво срце.

Може да се најде во жолчката, пилешкото, кавијарот и млечните производи.

Витамин Б6

Заслужен е за: подмладување на телото, силен нервен систем.

Може да се најде во житарките, зелената салата, зелката, бананата, оревите, лососот и месото.

Витамин Б12

Заслужен е за: нормална тежина, добар имунитет, добро паметење, добро варење

Може да се најде во сојата, спанаќот, морската трева, рибата, млекото, сирењето, јајцата и месото.

Витамин Ц

Заслужен е за : мека кожа, добар имунитет, весело расположение, здрави коса и нокти

Може да се најде во цитрусното овошје, шипката, црвеното овошје, грашокот и гравот.

Витамин Д

Заслужен е за : здрави коски, заштита од настинки, исфрлање на токсините од телото, добро расположение, здраво срце и добар крвоток

Може да е најде во сирењето, маслиновото масло, жолчката, рибата, морската храна, компирите, говедското итн.

Витамин Е

Заслужен е за : подмладување на телото, правилна работа на репродуктивните органи, добро расположение, заштита од штетните влијанија на околината.

Може да се најде во месото, сончогледовото масло, пченката, семките од тиква, маслиновото масло, јаткастите плодови, млечните производи итн.

Витамин К

Заслужен е за : брзо лечење на расните, нормализирање на крвта, здрави и јаки коски.

Може да се најде во спанаќот, копривите, зелката, морковот, јагодите, зелениот чај…

Коментирај