Кои се придобивките од јадењето печурки

0
470

Колку пати сте помислиле дека можете дамите да наберете печурки и да стре сигурни дека не се отровни? Знаете ли дека постојат дури 14.000 различни видови печурки, а дека само 3.000 од нив можат да се јадат? И знаете ли кои се придобивките за вашето здравје ако јадете печурки?

Намалување на тежината

Печурките содржат малку масти и калории, но имаат многу протеини и влакна. Б-комплекс витамините што се наоѓаат во оваа храна ја забрзуваат работата на метаболизмот и побрзо ги согоруваат мастите.

Витамин Д

Сонцето не е единствениот начин да внесете витамин Д во телото. Него го има и во печурките.

Проблеми со црниот дроб

Студиите покажуваат дека Кордицепс, еден тип печурки, има полезно дејство на црниот дроб и го ублажува хепатитис Б. Дополнително, овие печурки се добри за луѓето што консумираат многу алкохол.

Богати се со селен

Селенот во мали количини го има во печурките. Овој важен минерал помага за правилно функционирање на тироидната жлезда. Тој е и моќен антиоксинант.

Низок холестерол

Печурките имаат малку масти, ама многу протеини, што ги прави совршена храна. Помагаат при балансирање на LDL и HDL холестеролот, и помагаат во превенција на бројни кардиоваскуларни болести.

Го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Печурките содржат ензими кои функционираат како природен инсулин и помагаат да се разгради шеќерот во организмот.

Афродизијак

Печурките се полни со цинк, а тој делува како афродизијак. Научниците велат дека печурките го зголемуваат бројот на сперматозоиди и плодноста кај мажите.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај