Кои се најмистериозните народи во светот

0
426

Заедно со познатите народи на Земјата живеат и неколку мистериозни човечки популации. Нивното потекло е неразбирливо за научниците, тие етнички групи се уникатни поради својата изолираност и необични карактеристики. Колку повеќе научниците ги изучуваат овие народи, толку повеќе се зголемува нивната конфузија за историјата на човечкиот вид. Ги одбравме трите најмногубројни и чудни народи.

1. Гуанчи. Гуанчите се автохтоното население на Канарските Острови. Рајското катче се наоѓа на само 100 километри од Мароко, но луѓето од двете земји радикално се разликуваат. Мнозинството Гуанчи имаат сини очи и руса коса, за разлика од темните Мароканци и Шпанци. Научниците претпоставуваат дека жителите на островот се последните потомци на Берберите, кои пред илјадници години, биле мнозинската етничка група на територијата на Северна Африка. Друга многу популарна теорија е дека на островот долго време во изолација живееле крапинци, кои се измешале со homo sapiens, но генот им останал силен. Во поддршка на оваа хипотеза е фактот дека во ДНК линијата на Гуанчите е вклучена U6b-група која не е позната друго место во светот;

2. Кинески Римјани. На крајот на големата пустина Гоби се наоѓа областа Ликијан. Населението таму е повеќе од чудно, ако се спореди со останатиот дел на Кина. Луѓето таму се бели, руси и со сини очи и и имаат долги носеви. Се верува дека тие се наследници на античките Римјани. Легендата вели дека во текот на 53 г.н.е еден римски легион дезертирал, додека бил ангажиран во кампањата за освојување на Кина. Всушност неодамнешна генетска студија покажа дека Ликиските Римјани имаат 70% гени, слични на гените на луѓето, кои живеат во Кавказ. Научниците не знаат како овој кавказки народ се населил во централниот дел на Кина.

3. Духари.  Во почетокот на 1530 година Шпанците стојат на брегот на денешната американска држава Џорџија. Освојувачите веќе имале земање-давање со автохтоното на континентот и знаеле што да очекуваат. Сепак, тие не биле подготвени за средбата со племето Духари. Ги пречекале мажи повисоки од нив, со црвени коси и бради, светли очи и бела кожа. Шпанците биле нагостени со сирење (технологија, непозната во Америка). Духарите биле поразвиени во технолошки поглед од останатите жители на континентот. Радикална теорија сугерира дека ова племе потекнува од мисионери кои дошле во Америка од Ирска неколку века пред Колумбо. Во нејзина поддршка е и фактот дека јазикот на Духарите се разликува радикално од другите индијански јазици и чудно наликува на јазикот на Келтите.

Коментирај