Кои мажи се заљубуваат само во паметни жени според хороскопскиот знак?

0
1199

Некои велат дека љубовта на мажот поминува „преку стомакот“. Мажите велат дека претпочитаат русокоси. И во двете тврдења има некоја вистина но сепак според хороскопот постојат мажи кои имаат малку поголеми барања кога ја избираат својата партнерка.

Постои еден тип на мажи кои исклучиво бараат интелигентни жени и дефинитивно за нив надворешниот изглед е во заден план затоа што знаат дека умот не се купува, а и сепак партнерката треба да биде поддршка и најдобар пријател. Тука не зборуваме за изборот за љубовница туку за жена со која би го поминале својот живот.

Мажите од овие 3 хороскопски знаци претпочитаат паметни и успешни жени:

Бик
За нив, разговорите со дамата на своето срце се многу важни. Не постои можност да  изберат сопруга само затоа што е супер секси. Ако има нешто на интелектуален план што и недостасува а за нив тоа е важно, тогаш врската нема да опстане многу долго. Тие имаат големи очекувања за себе и својата партнерка.

Вага
Тие се крајно каприциозни кога станува збор за нивната половина. Често имаат доста голем и разновиден избор, но дефинитивно ќе се запрат само на најдоброто. Тие најчесто се заљубуваат во убава и паметна жена. За нив ова е комбинација која оди рака под рака. Тие сакаат да бидат импресионирани со она што една жена го може и умее и во истото време таа мора да изгледа совршено.

Риба
Тие можат да се откажат од врската со убава девојка само затоа што мислат дека не е доволно интелигентна. Тие сакаат да излегуваат со девојки кои читаат книги и имаат интерес за уметност и култура. За нив е важно партнерката да има сопствено мислење, стил и вкус и да знае повеќе од девојката на нивниот најдобар пријател.

Коментирај