Со кого Тамара ќе сними дует после Евровизија?

0
296

Тијана Дапчевиќ викендов беше гостинка во емисијата „Премиера – викенд специјал“ и зборуваше за учеството на нејзината сестра на Евровизија.

Таа е презадоволна од настапот и од пласманот на Тамара, а особено важно за неа биле 12-те поени што Македонија ги доби од Велика Британија.

Важно е што доби 12 поени од Велика Британија, која е колевка на музиката. Не знаеме дали гласовите на публиката се такви. Тоа никогаш нема да го знаеме. Тоа не е теорија, тоа е завера. Нема врска што таа е моја сестра, таа одговори на задачата,рече Тијана.

На крајот, Тијана ja откри и ексклузивната вест дека Тамара ќе снима дует со Швеѓанецот.

Еве, да откријам ексклузива. Тамара ќе снима дует со Швеѓанецот кој беше втор. Тој и пришол и ѝ рекол: Дали е можно дека не си црнка? Кој може така да пее?“

Извор:република.мк

Коментирај