Кога жената вистински љуби, таа станува посилна од тоа што била претходно

0
282
Couple sitting at city cafe drinking espresso

Кога жената сака, таа станува друга личност. Станува ментално посилна, станува среќна и исполнета во секој аспект од животот. Ситните проблеми кои претходни и пречелe, стануваат далечно минато. Секој ден има сонце на нејзиниот прозорец.

Таа станува жена која отстапува простор за вас, полна е со разбирање и има желба да стане уште подобар човек, рамо до рамо со вас. Таа не сака да ве смени, туку сака да бидете среќни.

Можеби понекогаш изгледа вкочането и исплашено, но тоа е заради фактот што таа секогаш е подготвена да помогне.

Жената која искрено љуби, сака да ја брани својата територија, не заради посесивност туку заради стравот да не ја изгуби љубовта на својот живот. Таа ќе направи сè за да ја задржи среќата. И не можете да ја осудите заради тоа.

ТАА НЕМА ДА ПОКАЖЕ ЉУБОМОРА, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕ ЈА ЧУВСТВУВА.

ТАА НЕМА ДА ПЛАЧЕ ПРЕД ВАС, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕ Е ТАЖНА.

ТАА НЕМА ДА ПОКАЖЕ КАЕЊЕ, НО НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕ СЕ КАЕ.

Но, таа знае да каже „извини, згрешив“ и ќе побара од вас да ја разберете. И таа е човек кој понекогаш мора да ја покаже својата лоша страна, но само за добри цели. Никогаш заради чиста злоба и никогаш со тенденција да наштети некому.

Кога жената љуби и се чувствува сакано, таа знае тоа и физички да го покаже. Знае дека љубовта има многу форми и дека не се зема здраво за готово. Кога жената се чувствува сакано, има мотивација да го направи и невозможното. Да ги урне и највисоките ѕидови, да ги помести границите и да се бори до крај за тоа што го сака.

Кога жената љуби таа е незапирлива, станува моќна и подготвена за секој предизвик што ќе и дојде во пресрет.

Извор:hybread.mk

Коментирај