Кога простуваме неверство, се изневеруваме себеси

0
174

Луѓето се добри во тоа да се лажат себеси. Кога станува збор за другите луѓе, знаеме многу добро како да ги советуваме и да им помогнеме да ги решат своите проблеми, но кога станува збор за нас самите, изгубени сме во тоа.

Често запаѓаме во лаги, неверства и игри и долго време не успеваме да го видиме тоа. Но, за некои луѓе таквите игри се сосема нормални. Завршуваат со нив, потоа преминуваат на нешто друго, се враќаат кај личноста која многу ги сака и имаат чиста совест и мирно спијат ноќе. Едноставно е за нив.

Но, сите сме биле во ситуација да сретнеме таква личност. Некој од нас си заминале од таквата игра, а други пак остануваат со години во неа. Не можеме да осудуваме никого. Можеме само да тргнеме од себе и да си кажеме себеси дека не заслужуваме неверство ниту нечесна игра. Можеме истото да им го кажеме и на своите најблиски – дека без оглед на тоа што поминале, неверството не е прифатливо. Тоа не е љубов. Личноста која изневерила еднаш, ќе изневери уште многу пати по тоа.

Не треба да бидете лути на себе ако некој решил да ви го направи тоа. Само треба да соберете сила во себе и да сфатите дека никој на светот не го заслужува тоа. Подобро е да сте сами отколку со таква личност. Зборовите ја губат секоја тежина и извинувањата не значат ништо. Не им давајте моќ на таквите луѓе. Моќ која не ја заслужуваат.

Коментирај