Кога плачат мажите?!

0
2420

Мажите се силната половина од човештвото. Тие се оние кои ги поддржуваат жените во најтешките моменти, им помагаат како психички, така и физички. Но, тоа не значи дека еден маж е толку силен и не може да плаче. Напротив, плачот не смее да биде виден како слабост. Мажот, кој плаче, не се плаши да си ги признае чувствата и да биде искрен. А во тоа нема ништо лошо…  Еве за какви работи плачат мажите:

Кога ќе изгубат жена
Мислевте дека на мажите не им е гајле?  Маж кој го отворил срцето за една жена, ја прифатил и ја  дал сета топлина, љубов и заштита, не може да ја заборави туку така. Мажот плаче за жена, кога навистина ја сака. Понекогаш лекувањето на раната од изгубената љубов може да трае со месеци, па дури и години.

Од смеа
Знаете дека мажите се кралеви на вицовите…  и понекогаш до толку не можат да се воздржат од смеење што може да дојде и до солзи.

Кога ќе им се роди дете
Дури и најсилниот маж кој не сака да ги покажува своите чувства, дури и тој се разнежнува во денот, во кој ќе го види малото човече како се појавува на белиот свет. Тоа е момент кој таткото никогаш нема да го заборави и тешко ќе ги задржи солзите.

Кога ќе ги потрошат парите
Понекогаш мажите прават избезумени акции и потоа горко жалаат за нив. Ако потрошиле многу пари кои не можат да ги вратат со месеци, тоа ќе ги натера да плачат…

Кога неговата ќерка ќе се омажи
Секој татко е неизмерно среќен кога неговото чедо ќе се спои со љубовта на својот живот. На солзите радосници им нема крај!

Кога ќе им пропадне работата
Мажите кои се амбициозни, тешко го поднесуваат неуспехот. За нив постои еден принцип : „Се што ќе почнеш да работиш, треба да биде направено и завршено до совршенство“. И ако тоа нешто им пропадне им носи многу разочарување. Во такви моменти мажите плачат од гнев.

За првата љубов
Првата љубов ‘рѓа не фаќа! Ова важи во полна сила за  сите мажи. Има многу случаеви во кои еден маж веќе е оженет и има деца, но во еден убав ден, после долги, долги години случајно ја сретнува својата прва љубов… Солзите ќе протечат… без разлика дали е од среќа, радост, тага, каење…

Коментирај