Кога љубовта ќе се врати во вашиот живот?

0
235

Губењето на љубовта е една од најтешките работи низ кои проаѓаме како луѓе. Кога од нашиот живот ќе си отиде личноста за која сме мислеле дека секогаш ќе биде со нас, тешко е да замислиме дека повторно ќе можеме да почувствуваме таква љубов.

Многу е важно да се разбере дека само затоа што никогаш повторно нема да ги имаме истите чувства, тоа не значи дека повеќе не сме способни да сакаме со поинаков интензитет. Можеби вашиот живот никогаш повеќе нема да биде ист, но тоа не значи дека нема да биде подобрар.

Љубовта ќе се врати кога ќе бидете подготвени да продолжите понатаму

Кога ќе ја изгубиме личноста којашто сме ја сакале, тоа е огромен шок за нас. Се чувствуваме како да го губиме тлото под нозете. Но, лежењето дома и мислењето од типот: „Што ќе беше, ако…“ нема да ви помогне. Колку и да е тешко, мора да станете од подот и да продолжите понатаму со животот.

Ако врската е готова, тоа не значи дека била комплетно промашување. Од искуствата секогаш излегуваме со научени лекции, без оглед на тоа колку биле трауматични. Затоа што без нив големи се шансите дека повторно би можеле да направите слични грешки.

Љубовта ќе се врати кога ќе ги промените очекувањата

Можеби веќе сте свесни за ова, но ниту една врска која ќе ја имате во иднина нема да биде слична на таа што сте ја прекинале. Дури и ако ја обновите старата врска, и тогаш работите ќе се променат и нема да бидат ко претходно. Но, тоа не е лоша работа. Размислете за тоа што сте очекувале од претходните врски. Можеби баш тие очекувања довеле до тоа да раскиете. Можеби вие премногу сте очекувале, а другата страна премалку се трудела. Можеби сте очекувале дека се ќе испадне добро на крајот.

И во овој случај е важно да учите од вашите љубовни искуства. Можеби партнерот не ви дал љубов каква што сте очекувале. А можеби идната љубов ќе ви даде љубов. Само не треба да очекувате такво нешто, затоа што во тој случај ќе завршувате со споредби на сегашноста со минатото, а тоа значи дека нема да можете потполно да се препуштите.

Љубовта ќе се врати кога ќе си ја вратите сопствената страст за животот

Да си биде заљубен е прекрасно чувство, но тоа е само едно од милионите искуства кои можете да ги имате во животот. Ако некој ви го скршил срцето, сосема е разбирливо дека не можете да ги видите убавите што ве чекаат во животот, но верувај дека ве чекаат.

И затоа, наместо да го поминувате времето жалејќи за претходниот живот, почнете да создавате нови спомени. Почнете да ги правете работите кои отсекогаш сте сакале да ги направите. Патувајте. Запишете се на некој курс. Одете во театар. Правете се што сакате, само немојте да седите дома и да жалите за минатото.

Затоа што кога ќе почнете да ја враќате страста за животот, големи се шансите дека ќе запознаете некој кој има слични интереси со вашите. Ако го правите тоа што го сакате, тоа ќе ви овозможи да запознаете нови луѓе, кои ако ништо друго ќе станат ваши пријатели и со кои ќе делите нови моменти.

Љубовта ќе се врати кога веќе нема да ви биде потребна за да преживеете

Кога подолго време сте со личноста којашто ја сакате, лесно е да се заборави на животот пред да ја почнете врската. По раскинувањето, повторното пронаоѓање на сопствениот идентитет може да биде тешка задача. Но, тоа е обврска која морате да ја исполните за да продолжите понатаму со животот.

Коментирај